МАКЕДОНИЈА ПОД ЗАКАНА: Вучиќ и Тачи ќе разговараат за размена на територии, домино-ефектот ќе стигне и до Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Централна тема на разговорите меѓу претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, во Брисел, ќе биде размена на територии, против што се водечките земји во Европа, а експертите стравуваат дека прекројувањето на границите ќе доведе до нова војна на Балканот, пишува московскиот весник Комерсант.

Весникот вели дека преговорите меѓу Белград и Приштина се водат веќе неколку месеци, но дека вистински напредок не е постигнат, и додава, повикувајќи се на извори блиски до српските власти, дека ЕУ им поставила еден вид ултиматум да се договорат со Приштина до почетокот на 2019 година, бидејќи во спротивно интеграцијата во ЕУ ќе биде блокирана.
Дипломатски извори на Комерсант од земјите на ЕУ објаснуваат дека Брисел не бара од Белград да го признае Косово, но дека нормализирањето предвидува членство на Косово во меѓународните организации, вклучувајќи ги и ОН, и дека Приштина треба да се согласи со создавањето на Заедницата на српски општини.

„За Белград не е лесно да ја прифати таа формула, што значи официјално да признае дека го загубил Косово“, вели весникот.

Дневникот потсетува дека во српскиот Устав постои одредба што предвидува дека Косово е неодвоив дел од Србија, истакнувајќи дека со тоа Вучиќ ризикува не само да го загуби рејтингот, туку и да биде обвинет за предавство на националните интереси.

„Во оваа пат-ситуација српскиот претседател се впушти во неочекуван чекор. Се заложи за прекројување на границите на Косово“, пишува весникот, додавајќи дека станува збор за старата идеја за поделба на Косово и припојување на северните делови, во кои се населени претежно Срби.

Комерсант вели дека исто така неочекувана била идејата на Тачи, кој „претпазливо“ се заложил за „корекција на границите“, со што Вучиќ и Тачи „фактички ја означиле формулата за нормализација на односите преку размена на територии“.

„Активното лобирање на претседателот на Србија во западните центри за прецртување на границите на Косово е објасниво. Без поддршка на таа идеја во клучните земји идејата е неизводлива, а перспективата во голема мера зависи од ставот на светската заедница“, вели весникот.

Комерсант додава дека Москва по повод размената на територии меѓу Белград и Приштина не се изјаснува конкретно.

Весникот додава дека повеќето експерти за Балканот стравуваат дека размената на територии по етнички принцип ќе ја отвори Пандорината кутија во регионот, бидејќи може да реши еден проблем, а да отвори илјада други.

„По косовската размена, и Република Српска ќе тргне кон обединување со Србија, по што ќе стане неизбежен распадот на Босна“, го пренесува Комерсант хрватскиот аналитичар Владо Вурушиќ.

„Ни Хрватска нема да остане настрана, припојувајќи си ги хрватските делови од Босна. И локалните муслимани и нивните патрони од Турција сигурно ќе ги свртат очите кон муслиманската област во Србија Санџак. Потоа ќе дојде ред и на Македонија и, можеби, на Црна Гора. Домино-ефектот ќе стане неповратен.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This