МАКЕДОНИЈА СЕКОЈДНЕВНО СЕ РАЗВИВА: Рудникот „Злетово“ го рестартира производството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рудникот за олово и цинк „Злетово“ – Пробиштип од денеска повторно ќе почне со работа. Производството  во рудникот ќе го обнови новиот концесионер, бугарската компанија „Минстрој“, која согласно договорот со македонската Влада  треба да го рестартира и рудникот „Тораница“  – Крива Паланка.

rudnikzletovo

На јавниот повик од Владата за доделување концесија за експлоатација на минерални суровини за „Злетово“ и „Тораница“, по прогласувањето стечај и ликвидација од претходниот концесионер „Индо минерали“, „Минстрој“ достави највисока понуда. Ќе ги менаџира  „Злетово“ и „Тораница“ за годишна концесија од два милиони евра.

За рестартирањето на рудниците, „Минстрој“ во Македонија ја основаше фирмата „Булмак 2016“.

На потпишувањето на договорот со Владата во април годинава раководството најави дека ќе ги рестартира рудниците, ќе ги задржи на работа 1.000-те вработени  и оти ќе ги исплати заостанатите плати.

Свеченоста по повод рестартирањето ќе се одржи на платото за истовар на руда во „Злетово“, каде ќе се обрати министерот за економија Дритон Кучи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This