МАКЕДОНИЈА СО ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКА КОРУПЦИЈА: Скандалозни податоци на „Транспаренси интернешнл“ – Македонија покорумпирана од Етиопија, за само една година!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последниот извештај на „Транспаренси Интернешнл“ ја става Македонија во друштво со земјите од „третиот свет“, поточно зад Замбија, Етиопија, Гвајана, Шри Ланка, Танзанија кога станува збор за нивото на корупција во земјата

 

Македонија се најде на дното на листата на најкорумпирани земји во светот, откако истражувањето на „Транспаренси интернешнл“ ја оцени Македонија послабо од земјите од „третиот свет“.

Имено, земјава е на историски најниското 112-то место по корупција во светот, заедно со Етиопија, Виетнам и Филипините. Подобри од нас се Замбија, Гвајана, Шри Ланка, Танзанија. 

Во регионот, Македонија е на дното на листата, а со подобри резултати од нас се Косово, Босна и Херцеговина, Србија, додека Црна Гора го завзема лидерското место со најдобри оценки. 

Водечка во спречувањето на корупцијата во Европа, очекувано, е Данска додека во светски рамки најдобро поминуваат граѓаните на Нов Зеланд.

Македонија за една година, на индексот на корупција паднала за неверојатни 50 места, односно од доаѓањето на новата власт предводена од СДСМ и Зоран Заев, земјата е корупциски рај.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This