Македонија црн рекордер во регионот по долг, инфлација, невработеност, просечна плата и странски инвестиции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денешната собраниска дебата околу буџетот, пратеникот Љупчо Пренџов упати серија критики за економските состојби во Македонија, за споредба со соседните држави.

Тој ги спореди Македонија и соседите во полето на долгот, инфлацијата, просечната плата, невработеност и странски инвестиции.

За долгот кои државите го акумулирале поради кризата, пратеникот вели дека Македонија се задолжила за 17%, додека пак Словенија за 9%, Хрватска 13%, Албанија 5% и Косово за 6%. Тој додаде и дека Македонија исплатила 145 милиони само за камати на долгови.

– „Полна ви е устата дека ја качивте минималната и просечната плата. Тоа е точно, но, таа 464 евра. Убедливо најниско ниво на Балканот, затоа што Србија има 553 евра, Косово 560, Црна Гора 530, Бугарија 609. Заковани на балканот во просечна плата.“ – Истакна Пренџов.

Им порача на колегите пратеници дека министрите кои ги гласаат се шампиони по инфлација. Според неговите податоци, Македонија има највисока инфлација од 3,1%; Албанија 1,8%; Косово 2,1%; Црна Гора 2,3; Бугарија 0,9% и Грција 1%.

Тој исто така го спомна извештајот на Светска Банка во кој стои дека биле загрижени за тоа што вработеноста во македонскиот приватен сектор паднало за 12%.

– „После ќе се фалите дека имаме 15,9% невработеност. И по тоа сме шампиони! 11,1% има Србија, 11,6% има Албанија, 5,6 има Бугарија. Нема параметар по кој што добро ни оди!“.

Тој додава и дека „Вистината е дека изминатата година Република Македонија ја заврши со 274 милиони евр странски инвестиции, Србија има 3 и пол милијарди, Хрватска има милијарда и триста, Албанија има милијарда и сто, Црна Гора има 529 милиониа Босна и Херцеговина има 371. Ние остануваме закотвени на дното на балканот.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This