МАКЕДОНКА ПОРАДИ ТАМПОН ЈА ИЗГУБИЛА ЕДНАТА НОГА: А сега ќе ја изгуби и другата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Девојката која работи како модел, ја изгубила ногата откако претрпела синдром на токсичен шок, кој бил предизвикан од тампон. Сега открила дека лекарите мора да и ја ампутираат и другата нога.

Лоран Васер не била сигурна ни дали воопшто ќе преживее, а уште помалку дека повторно ќе работи како модел, откако ја изгубила ногата во 2012-тата година.

По трауматичното искуство оваа девојка собрала сили да продолжи да се бори, пренесува “Independent“.

Сега повторно се соочува со потешкотии бидејќи како последица од токсичниот шок лекарите ќе мора да и ја ампутираат и другата нога, бидејќи се појавиле трајни компликации.

Таа во 2012-тата година доживеала токсичен шок поради употреба на тампон додека имала менструација. Почнала да пати од симптоми слични на грип. Сето тоа кулминирало со срцев удар, па едно време минала на апарати.

Гангрената почнала да и ги зафаќа двете нозе, па морале да и ја ампутираат десната нога до коленото и прстите на левото стапало.

Иако докторите сакале да и ги ампутираат двете нозе, бидејќи прогнозите не биле добри, сепак успеале да и ја спасат левата нога.

Таа потоа својот живот го посветила за кревање на свеста и превенција од токсичен шок, но и потенцијалните ризици од користењето на тампон.

Продолжила да се бори со болките во левата нога и по 2012-тата година. Сега тоа би можело да и создаде нови компликации и дополнително да и го промени животот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This