МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА НА ДНОТО ВО СВЕТОТ: АРМ под Шеќеринска го допре дното, во светот и во регионот според мерењето на „Глобал Фајрпауер“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска не пропушта шанса за јавен настап и собирање на политички поени преку лични пофалби за какви ,,реформи’’ се спроведени во армијата, но реалноста е многу поинаква. Реалноста ја покажуваат бројките, статистиката како и рангирањето на македонската армија во однос на другите земји во светот.

Според рангирањето за 2018 година, Македонија се наоѓа на 118 место во светот од вкупно 136 земји кои се рангирани според нивната воена моќ. Уште еден поразителен факт за македонската армија е тоа што пред нас се земји како Лаос, Хондурас и Мозабик, а веднаш зад нас се наоѓа Брегот на Слоновата Коска.

Според експертите и вработените во армијата, Шеќеринска систематски ја уништува армијата. Недостатоци на опрема како и неисправност на истата, неисправност на основните средства за обука и работа на армијата се секојдневието со кое се соочуваат професионалните војници. Поради овие причини се случи и тежок инцидент во тетовската касарна кога двајца војници неа тешко ранети. Војниците биле повредени при чистење на оружје митралез, при што е испукан еден куршум и се здобиле со прострелни рани во подколеница и надколеница.

Скандалозно беше и поставувањето на Горан Василевски за прв човек на военот разузнавање. Имено станува збор за полковникот Горан Василевски кој имал безбедносен сертификат, но му бил одземен. Тој според МО и ДБК има безбедносен сертификат, кој го добил во месецот во кој бил назначен за началник на Военото разузнавање. Сомнително е како Василевски добил сертификат за еден месец, за кој законската процедура е до максимум 6 месеци. Дали е испочитуван законот за класифицирани информации или биле направени низа недоследности за полковникот да добие сертификат со степен државна тајна.

Во чин полковник во Министерството за одбрана пред неколку месеци беше унапреден Хajро Али, офицер на АРМ што во 2012 година беше вратен од Авганистан за обид за силување на жена-војник од македонската мисија во оваа земја.

Доколку во предвид ги земеме сите овие скандали кои го тресеа министерството за одбрана и армијата на Република Македонија не е ни чудо што Македонија е дното во светот според аналитичкиот сајт за рангирање на воените сили, Фајрпауер.

34 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This