Македонската дијаспора бара одложување на сомнителниот политички попис и создавање услови за статистички попис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Координативно тело на Македонците во Европа одржа јавна дебата каде се слушнаа мислењата на одредени политички и државни личности, како и ставовите на поединци и организации со цел да се добие поширока информативност и слика за пописот кај Македонците надвор од Македонија.

Како резултат на анализите од дебатата, а имајќи ги во предвид севкупниот сомнителен политички процес, се донесе заклучок за Одложување на Пописот 2021 додека не се создадат услови за правилен и праведен статистички попис.

Како главни причини за одложување на Пописот 2021 се наведуваат:
1. Контрадикторноста на пандемијата со полицискиот час
3. Неусогласеноста на методологијата со пописните стандарди на Евростат
4. Сомневање во пописен фалсификат и заговор на веќе договорени резултати
(политички договор а не статистички)
5. Употребата на странски софтвер без доволна транспарентност на податоците
6. Немањето на никаква надворешна и експертска контрола врз пописот
7. Попишување со матични броеви на починати лица
8. Попишување на нерезидентно население повеќе од 12 месеци
9. Бришење на македонскиот народ и претопување во етничка заедница
10.Технички проблеми при попишувањето и недобивање пристап на истиот

Како заклучок на јавната расправа, а водејќи се од горе споменативе факти и аргументи а и во интерес на зачувување на здравјето како најдрагоцено богатство на секој човек, Координативно тело на Македонците во Европа донесе одлука дека пописот треба да се одложи и да се учествува само тогаш кога сите услови ќе бидат cоздадени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This