Македонска непpaвда: Влегол во Капитол го чекаат неколку месеци затвop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американското обвинителство се откажа од четири обвиненија против човек од Флорида кој упадна во Сенатот за време на немилите настани од шести јануари, а овој призна вина за петтото. Не станува збор за ‘терористичко загрозување на уставниот поредок’ (а не дека немаат такви одредби) туку за опструкција на државни активности. Го чека казна затвор меѓу 15 и 21 ме-се-ци.

38 годишниот Пол Хоџкинс чека одредување на казната за дело за кое призна вина а тоа е таканаречена „опструкција на официјални активности.“

Обвинителството се откажа од четирите други обвиненија против него кои ги подигна по неговото апсење на 16 јануари откако познаник го пријавил на ФБИ препознавајќи го на бројните фотографии од тој настан.

„Нема никакво оправдување за шести јануари. Затоа тој реши да ја преземе вината, признавајќи дека тоа што го сторил било погрешно и не постојат оправдувања за тоа,“ изјави неговиот адвокат.

Хоџкинс е оператор на кран во градежна фирма и нема претходно кривично досие.

Делото за кое се товари носи сериозна казна до максимум 20 години затвор и парична казна до 250.000 долари, но откако ја признал вината, се очекува казната да му изнесува меѓу 15 и 21 месеци.. Се согласил да плати и отштета од 2.000 долари. Вкупната штета на Капитол беше проценета на 1,5 милиони долари. Во случај на некои други од уапсените упаѓачи, американското обвинителството реши да се откаже од сите првично подигнати обвиненија.

Извор: Офнет

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This