Македонскиот народ треба да избере помеѓу Република Македонија или Зоран Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешниот собир во општина Чаир се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на ИЕ2 Владо Мисајловски.

Мисајловски се заблагодари на членовите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Чаир за сета досегашна поддршка и за сиот ангажман сите години наназад во сите изборни кампањи и битки за Македонија.

Теренските активности во општина Чаир укажуваат на тоа дека Македонците тука се чувствуваат како граѓани од втор ред, а тоа не смее да биде така. Тоа е појава која што се случува секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ не е власт. Затоа по 15-ти јули оваа слика ќе мора да се промени.

Граѓаните на Чаир долги години се изолирани во работата на општината и за нив административните работи не одат како за сите други жители. Документите за легализација на имотите се расфрлаат по општински канцеларии и работите не се завршуваат, само поради тоа што Македонците во Чаир не гласаат за ДУИ или за некоја друга партија. На сето тоа мора да дојде крај.

Наместо да се реализираат огромен број на вработувања во општина Чаир и другите институции во оваа општина, треба да се вложува во безбедноста и сигурноста на граѓаните. Не смеат партиските агенди да се извршуваат врз грбот на граѓаните.

Мисајловски констатираше дека за жал на теренските активности се уверил во фактот дека Македонците се повеќе се иселуваат од Чаир и зградите се празни. Но, исто така порача дека Македонците колку и да се, овој пат ќе победат во Чаир и ќе се изборат за свои права, а не да бидат граѓани од втор ред во сопствена држава.

Мисајловски потенцираше дека на овие избори македонскиот народ треба да избере помеѓу вистински лидер како што е Христијан Мицкоски или да му ја даде довербата на човекот кој е предмет на потсмев на целиот свет, а последен пат објавен беше разговор со лажната Грета.

Македонскиот народ треба да избере помеѓу Република Македонија или Зоран Заев.

Албанскиот блок иако во недостиг на аргументи и проекти пропагира решение за премиер Албанец, сепак од тука, од Чаир порачувам дека ВМРО-ДПМНЕ е дециден дека премиер на Република ќе биде Христијан Мицкоски и никој друг.

Мисајловски беше дециден дека на населението во Чаир мора да му се даде огромно значење и да бидат на пиедесталот, поради тоа што се борат да опстанат во сопствена држава.

ВМРО-ДПМНЕ ќе работи посветено за Чаир и за граѓаните на Чаир. Оваа општина ќе биде урбана општина во која секој граѓанин ќе се чувствува слободен и свој на своето.

На овие избори македонскиот народ има само една вистинска опција, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија”.

Чаирчани мора да истраат во борбата која што ја водиме и на крајот да победиме сите заедно.

ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада и нејзин предводник ќе биде Христијан Мицкоски!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This