МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ИЗБРИШАН: Еднојазични натписи, ама само на албански јазик на патоказите во западна Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тврдењето на власта дека Законот за употреба јазиците нема да промени ништо, како и за многу други нешта, излезе дека не е точно. Законот не само што ја унапреди употребата на албанскиот јазик во делови од земјата кеде што нема воопшто Албанци, туку и сосема го исфрли Македонскиот јазик од офивцијална употреба во западните делови на земјата, каде што покрај македонското население, живее и албанско, турсо, српско но и население од друга национална припадност.

Доколку сакате да ги посетите Маврово и Ростуше, патоказите нема да ви бидат од помош доколку не го познавате албанскиот јазик. Поставените табли  не само што не се двојазични, како што предвидува новиот закон кој беше оспорен и од Венецијанската комисија, туку се напишани само на албански.

Ова не е изолиран случај. Вакви табли има поставено на повеќе места во западна Македонија, но засега никој од надлежните ниту реагирал, ниту дал било каков коментар.

Дали и сега вицепремиерот Османи ќе вози од табла до табла и ќе им се јавува на надлежните да ги праша до каде е постапката со менување на таблите и поставување на двојазични?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This