МАКЕДОНСКИ НЕПОKOP: Tреба акција, спpoтивставување и граѓанска непocлушност против тоталитapната власт во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Затоа што тоталитарната власт во Македонија веќе ја симна маската. Сега гледаме политички монструм кој ја уништува државата по сите параметри. Сега веќе и меѓународната му е крива. – Макрон, Тимоние, Франција. Ја заборава Холандија, Данска, лицемерната Грција и злонамерната Бугарија.


Својата деструктивност и криминогеност оваа мафијашка организација на власт која ја тормози и уништува татковината, а сето тоа го прекрива со нивните лажни претстави и ветувања, владее со терор и репресија. Името отиде јабана, а датум за преговори со ЕУ недобивме. Го дадоа НАЈСВОЕТО, НАЈСВЕТЛОТО, НАЈСВЕТОТО, а добија едно големо НИШТО.

Ова мора да запре! Не можеме да дозволиме да не турнат во амбисот на ужасот и уништувањето иако сме доведени до самиот раб. Се поради нивното константно злоупотребување на институциите во партиски и лични цели.

Ова веќе не е заробена држава, ова е поробена и уништена држава! Убиството на македонскиот народ е во тек. Се е спремно за негова ликвидација по налог на странскиот непријател, а во изведба на домашните предавници. Владеачката врхушка на власт, ја погази волјата на народот, изразена на референдумот, го промени Уставот на Република Македонија, а потоа и името на државата и идентитетот на македонската нација. Затоа треба акција, отпор и спротивставување. Граѓанската непослушност – МАКЕДОНСКИ НЕПОКОР е методот на борба кој сега веднаш треба да се примени. Инаку ќе биде доцна.

И затоа, МАКЕДОНСКИ НЕПОКОР! Сега и тука – во МАКЕДОНИЈА. И секаде низ светот каде што се МАКЕДОНЦИТЕ.

Македонски непокор

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This