МАКЕДОНСКИ ТAJKУН ОД КАНАДА ГО ТУЖИ ГУГЛ ЗА 200 МИЛИOHИ ДОЛАРИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ако можат да местат резултати од пребарување мачиња и кучиња, тие можат да местат сè,“ изјави Крис Павловски, објаснувајќи ја финансиската штета од штелуваните резултати на Гугл која неговата компанија ги проценува на преку две милијарди долари.

Видео платформата Рамбл и нејзиниот македонско-канадски основач и ЦЕО, Крис Павловски, обелоденија дека поднесуваат тужба против Гугл, барајќи 200 милиони долари отштета заради прекршување на антимонополските закони.

Павловски и Рамбл го обвинуваат Гугл за штимање на алгоритмите за пребарување со што ги оштетиле и нивните корисници и нивниот прилив на пари.

Павловски се појави кај Такер Карлсон и обелодени дека неговата компанија открила милијарди посети кои биле редиректирани кон Јутјуб, нанесувајќи ѝ на Рамбл финансиска загуба од преку 2 милијарди долари.

„Ако можат да местат резултати од пребарување на мачиња и кучиња, тие можат да местат буквално сè“, изјави Павловски.

Видео платформата има преку два милиона креатори на содржини кои ги споделуваат на Рамбл и огромна публика што ја прави потенцијален ривал на Јутјуб.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This