МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ СЕ РАЗВИОРИ НА КИНЕСКИОТ ЅИД: Со Рено 4 поминаа 11.000 километри од Стојаково до Кина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ѓорѓи Николов и Џоко Шуклев успешно ја завршија својата мисија и со нивното Рено 4 поминаа цели 11.000 километри од гевгелиско Стојаково до Кина.

На својот пат до Пекинг Ѓорѓи И Џоко имаа една голема пречка која ги затекна на границата помеѓу Монголија и Кина. Според кинеските закони тие мораа да ангажираат туристичка агенција и шофер, за да можат да продолжат да се движат со својот автомобил низ Кина.

Поради тоа решија автомобилот да го остават на аеродромот во главниот град на Монголија Улан Батор, а патот до Пекинг да го продолжат со авион.

Вчера тие беа пречекани од македонската амбасада во Пекинг, а денеска се искачија на Кинескиот ѕид и го развиорија македонското знаме.

Дојде и тој ден, по 20 дена и изминати 11000 километри со рено 4 и 800 километри со Боинг 737 успеавме!Го развиоривме…

Posted by Од Стојаково до Ница со Рено 4 on Friday, July 19, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This