April 28, 2024, 11:56 am

Македонците во Италија реагираат бидејќи не можат да си ги обноват документите, oд МНР велат нема застој во работата на амбасадите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските државјани од дијаспората редовно реагираат дека мадедонските дипломатски претставништва се недостапни и дека не можат да ги користат услугита на кои имаат законско право. Многу од македоските државјани во странство не можат да си ги обноват патрните документи, или пак доколку започне постапката, таа трае премногу долго. Македонските граѓани неретко се упатуваат да извадат само патен лист, па сите други документи да ги обноват кога ќе дојдат во Македонија, но и тоа не невозможно поради рестрикциите за патување воведени откако беше пррогласена пандемија.

До нашата редакција стигнаа поплаки од амбасадата во Рим, која, според кажувањето на Македонците во Италија, не можат да ја добијат на официјалните телефонски броеви.

Од министерството за за надворешни работи одговорија дека македонските граѓани во Италија кои имаат било какви потреби можат да се јават во Генералните конзулати во Венеција и Рим на следните контакт броеви.

„Globass sos телефон (+ 39 339 780 43 86) во Амбасадата на Република Македонија во Рим и телефонот (+393348008772) во ГК Венеција се достапни на секое време и може да се контактира за било кое прашање, информираат од МНР.

Македонски државјани во Италија исто така реагираа дека имаат потешкотии во користењето на услугите на Конзулатот во Милано поради смртта на конзулот Франчесто Пилато, од МНР појаснуваат дека покојниот Франческо Пилато ја извршувал функцијата почесен конзул во Милано и како и секој почесен конзул на Република Македонија немал надлежности за давање на конзуларни услуги. Конзуларните услуги се даваат исклучително од страна на Дипломатско – конзуларните претставништва на Република Македонија.

„Нагласуваме дека Почесен Конзулат на Република Македонија во странство секаде и секогаш функционира со цел промоција на Република Македонија и продлабочување на билатералната соработка меѓу нашата земја и земјата на акредитацијата. Поради појавените бројни шпекулативни информации во јавноста, сакаме да нагласиме дека Република Македонија нема никакви финансиски импликации во однос на функционирањето на Почесниот конзул. Почесниот конзул се избира од редовите на угледните граѓани на земјата на приемот, кој исклучиво на свој трошок и во свои простории ја промовира Република Македонија, нејзините општини, природни убавини, културно наследство и создава потенцијали за секаков вид на соработка“, се наведува во соопштението од МНР.

„Постапката за префрлување на Генералниот конзулат на Република Македонија од Венеција во Милано е ве тек, но до конечно завршување на сите процедури, останува да функционира Генералниот конзулат на Република Македонија во Венеција. Исто така, државјаните на Република Македонија во Италијанската Република, за било какви конзуларни или други потреби, може да побараат информации и да стапат во контакт со Амбасадата на Република Македонија во Рим и во ГК во Венеција“, додаваат од МНР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This