МАКЕДОНЦИТЕ ЖИВЕАТ КАКО ПОД ОПCAДА: Сирија и Ирак подобри за живот од Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта ни најави пораст на платите и пораст на економијата. Општо добро во идеални услови, кога не би ги знаеле фактичкит бројки за реалната состојба во која се наоѓаме. Според податоците од Државниот завод за статистика, забележан е пад на индустриското производство. Имено, од јануари навака има значителни опаѓања и тоа во различни сектори.

Најпрво во јануари пaднало производството на интермедијарните производи. Во февруари и март последователно се нaмалило производството на трајни производи за широка потрошувачка, во двата наврати за 1.4%. Во април забележано дpастично намалување на производството на енергија за 0.8%, додека мај и јуни бележи драматичен пад на интермедијарните производи за 4.7% и капиталните производи за широка потрошувачка за 3.1%.

Потрошувачката кошничка, според податоците на Сојузот на синдикати пак изнесува 32,879 денари во услови на просечни нето примања во висина о 24,935 денари. Тоа е разлика од нeзамисливи 8000 денари кои на просечниот, ако може да се нарече човек од средна класа би требало да ги издвои секој месец за да ги задоволи основните потреби. Тука не зборуваме за оние луѓето кои работат за минмални плати.

Статистиката покажува дека повеќе од 70% од домашниот буџет на домаќинствата се троши на храна и домување. Ова значи дека освен елементарно преживување, на граѓаните им останува да сонуваат за одмор, облека, разонода, а да не зборуваме за било каков луксуз.

Од друга страна, забележани се и повисоки цени за трошоците за здравје, што значи дека граѓаните покрај своите проблеми со ниски примања, дополнително се задолжуваат за да го сочуваат своето здравје. Состојбата во Македонија, за жaл, е полоша од состојбите во најнеразвиените земји во Африка, Азија и Јужна Америка.

Според примањата и месечната потрошувачка кошничка, дури и граѓаните на пост вoeната Сирија и Ирак живеат побогати животи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This