Македонците зaгрижени што ЕУ не нѐ сака, Србите мислат дека никогаш нема да влезат во унијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Западен Балкан, 82,5 проценти од граѓаните го поддржуваат пристапувањето на нивните земји во Европската унија, а во Србија, бројот на поддржувачи на членството во Унијата е 64,1 процент, покажува истражувањето спроведено од Советничката група за јавна политика во Европа.

Скоро 40% од испитаниците во регионот позитивно ја гледаат улогата на Европската унија во политичките реформи, додека истиот процент ја поддржува улогата на Брисел во процесот на економски реформи во земјите од регионот.

Бројот на оние кои негативно ја оценуваат улогата на ЕУ е скоро двојно помал, односно 22,8 проценти сметаат дека улогата на ЕУ во политичките реформи е негативна или главно негативна, а 21,4 проценти ја сметаат улогата на Брисел во реформите во економијата како негативна.

Сепак, истражувањето покажува дека не мал процент од испитаниците се незадоволни од напредокот на нивната земја во процесот на евроинтеграција.

Според истражувањето, 17,6 проценти од испитаниците во Србија и 17,7 проценти од испитаниците во Црна Гора, кои се наведени како лидери во процесот на европска интеграција, сметаат дека главната причина за незадоволството од Унијата е бавниот процес на пристапување.

Од друга страна, 11,7 проценти од испитаниците во Србија и 9,4 проценти од испитаниците во Македонија се жалат на постојаното зголемување на барањата од Европската унија и изразуваат загриженост „што ЕУ не нè сака“.

На прашањето дали членството во ЕУ ќе се случи во следните пет, десет, дваесет години или никогаш, најголемиот процент, 32,7 проценти од нив во Србија веруваат дека членството никогаш нема да се случи.

Во БиХ, така мислат 28,1 процент од испитаниците, 25,7 проценти во Македонија и една петтина, или 20,9 проценти во Албанија.

По ова прашање, граѓаните на Црна Гора и т.н. Косово, каде 52 и 48 проценти од испитаниците веруваат дека ќе станат дел од Европската унија во следните пет години, пренесува Танјуг.

Истражувањето беше спроведено во октомври годинава на примерок од најмалку 1.000 испитаници над 18 години во Србија, БиХ, Црна Гора, Албанија, Македонија, како и во Косово и Метохија.

Процесот на истражување беше спроведен преку телефонски разговори и интервјуа на Интернет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This