Македонците од Хрватска до Заев: Доста е со јавното пoнижувaње, иcмевање и продавање на националниот идентитет на македонскиот народ и Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанската иницијатива на Македонците во Република Хрватска, од име на македонските граѓани кои живеат во таа земја, во отворено писмо до премиерот Зоран Заев и членовите на Влада на Република Македонија, побараа нивна неотповиклива постапка поради лошите политики поради кои на политички неопределените млади им е ускратено правото на нормален и достоинствен живот.

Директен повод за оваа реакција на Граѓанската иницијатива на Македонците во Република Хрватска беше скандалознотo интервју на Зоран Заев со бугарската БГНЕС, со која, како што се вели во отворенот писмо, Заев му нанесе огромна болка на секој здраворазумен Македонец бидејќи посегна по неговиот национален идентитет, основните права и слободи на самоопределување на и изјаснување на национална припадност.

„Доста е! Не повеќе, господине Заев! Не продолжувајте со јавното понижување, исмевање и продавање на националниот идентитет, интегритет, јазик, историја, култура и традиција на македонскиот народ и Македонија“, се вели во отвореното писмо на Граѓанската иницијатива на Македонците во Република Хрватска.

Граѓанската иницијатива на Македонците во Република Хрватска му порача на Заев да се собере, да се освести, да се разбуди од налудничавиот сон и да се праша:

„Во што ли тоа се претворив?“

Граѓанската иницијатива на Македонците во Република Хрватска обвини дека ставот и начинот на водење на политиката на Заев претставува силен удар кој тој непрекинато и го задава на Македонија.

„Вие со вашето интервју извршивре големо национално предавство испревртувајќи ги историските факти и преиначувајќи ја вистината.“

Од Граѓанската иницијатива на Македонците во Република Хрватска потсетуваат дека сѐ уште има живи учеснци во Народноослободителната војна кои сведочат за вистината.

„Ви посочуваме, господине Заев дека ние воопшто не сме во заблуда околу историските факти бидејќи освен од учебниците, ја слушавме и директно од нашите дедовци и баби“, се вели во отвореното писмо.

Граѓанската иницијатива на Македонците во Република Хрватска на Заев му порачуваат историјата да им ја остави на историчарите, бидејќи тој, очигледно, располага со многу скромни знаења за сопствената историја и да си замине од функцијата премиер бидејќи не припаѓа таму.

Тие посочуваат дека евроинтеграцијата е и нивна цел, како Македонци, и дека Македониај припаѓа во Европа, но не по секоја цена, а посебно не по цена на опстанокот како народ и држава.

Граѓанската иницијатива на Македонците во Република Хрватска преку отворенот писмо, исто така, побара и слобода за учесниците во протестите во 2016, кои се неправедно судени и затворени.

„Го осудуваме зборот терористи, за тие луѓе, кои според нас се иницијатори за будење на националната свест, додека правите терористи се функционери високо позиционирани во власта на Република Македонија“. се вели во отвореното писмо.

Граѓанската иницијатива на Македонците во Република Хрватска побара од Заев веднаш да престане јавно да ја срамоти, понижува и распродава Македонија и да престане да тргува со македонскиот идентитет, култура, јазик, традиција.

„За тие прашања“, посочуваат од граѓанската иницијатива на Македонците во Република Хрватска, „нема преговори, нема договори“.

Затоа, Граѓанската иницијатива на Македонците во Република Хрватска бара Зоран Заев да си даде неотповиклива оставка и да ја препушти земјата на некој што ќе ја испере нечистотијата и ќе го врати достоинството на луѓето, за да може Македонија слободно да дише и живее.

#СООПШТЕНИЕ на Македонците од ХРВАТСКА

Posted by ТретаПолитика on Sunday, November 29, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This