МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ДИB И БEЗДУШEH НАРОД: Основното јавно oбвинитeлcтвo не најде говор на oмpaзa во изјавите на Сулејман Реџепи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрли пријавата против поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, бидејќи заклучи дека не постојат основи на сомнение дека пријавениот ги сторил кривичните дела – „Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците од чл.179 и Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа“.

Спорната изјава Реџепи ја даде при возобновување на темелите на една џамија.

-Џамиите да се попречуваат и да не се одоброува нивната изградба, оваа работа нема да ја дозволиме. Никогаш нема да молчиме. Се надеваме со господ напред дека ќе дојдат подобри времиња и секаде имаме народ и места… во село Лажец, битолско каде повеќе од 100 години немаат џамија. Замислете вие каков див народ е овој со кој сме во соживот. Овие се беспримерен див народ, затоа немаат идентитет и нема да имаат никогаш, без разлика што ние сакаме да им помогнеме. Не се помага, бездушниот не се освестува, рече тогаш Реџепи.

Клучен доказ за ОЈО е тоа што во изјавата Реџепи никаде директно не кажал „македонски народ“.

-Клучен елемент на кривичното дело – Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците од чл.179 од Кривичниот законик претставува намера јавно на подбив да се изложи македонскиот народ и припадници на заедниците кои живеат во државата, а при дадената изјава пријавениот никаде директно не споменува македонски народ, ниту припадници на заедниците со намера да ги измејува – велат од ОЈО. и додаваат дека сослушаната судијка и сама во изјавата пред надлежниот обвинител истакнаа дека не се чувствува загрозена и не препознава говор на омраза во зборовите на пријавениот, велат од ОЈО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This