МАКЕДОНЦИТЕ СО БУГАРСКИ ПАСОШИ НАПРАВИЈА ХАОС ВО БУГАРИЈА: Лажните потврди за бугарско потекло на Македонци и жители на други земји надвор од ЕУ ја тресат бугарската политичка сцена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лажните потврди за бугарско потекло на Македонци и жители на други земји надвор од ЕУ ја тресат бугарската политичка сцена. По апсењето на шефот и на генералниот секретар на државната Служба за Бугарите во странство, како и на дваесетина други лица во Софија, Ќустендил и Плевен властите соопштија дека почнале истрага против државните службеници кои наплаќале и по пет илјади евра на државјани на Македонија, Украина и на Молдавија за лажна потврда, со која потоа се добивале бугарски документи.

Постои сомнеж дека на тој начин неделно се издавале од 30 до 40 пасоши на лица кои немале никакво бугарско потекло, а често станувало збор и за криминалци. Бугарски експерти предупредија дека со тоа се доведува во опасност и европската безбедност бидејќи е можно со европски пасош да се стекнале и терористи.

Притворените се осомничени дека како организирана група се занимавале со фалсификување на документи, ја злоупотребувале службената должност и примале поткуп – изјави бугарскиот заменик јавен обвинител Иван Гешев.

Бугарските медиуми наведуваат дека уапсениот шеф на државната Служба за Бугарите во странство Петар Харалампиев, е кадар на движењето „Обединетите патриоти” кое гравитира околу бугарското ВМРО на заменик премиерот Красимир Каракачанов. Додаваат дека главниот извор на финансии на оваа партија било продавањето на бугарски пасоши на Македонци преку две компании за превод и легализација, а дел од експертите велат дека Каракачанов има лична одговорност за скандалот и би требало да си поднесе оставка. Од друга страна „Обединети патриоти“ велат дека Харалампиев не е член на ниту една од партиите во нивната коалиција , туку само е лидер на граѓанското движење” БГ патриоти ” .

Во Бугарија речиси 20 години не постојат јасни правила за регулирање на редоследот по кој се издаваат сертификатите за потекло, клучни при натурализацијата на странски државјани. Годишно во просек се издаваат 10.000 бугарски документи на странци од кои многумина немаат никакви докази дека имаат бугарски предци, но бизнисот цвета бидејќи под маса се заработуваат десетици милиони евра, Речиси по правило процесот на администрирање се поврзува со бугарското ВМРО кое е дел од коалициската влада на премиерот Бојко Борисов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This