МАКСИМАЛНА ЗЛOУПOTPEБА НА ВОНРEДНАТА СОСТОЈБА: Приоритетот на оваа Влада на Спасовски и на Заев е да ги исплатат луѓето кои земале пари надвор од законот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Пандов во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за мерките кои се донесени од страна на Владата во врска со кopoнавирусот при што тој смета дека не било кажано до кога ќе траат тие мерки.

Тој посочи дека доколку овие мерки траат подолго треба владата да има некаква стратегија.

-Од една страна ги слушаме Заев и Спасовски и Анѓушев кои имале три чисти по економија дека се надаават. Едниот вели милијарда ипол, другот вели 2 ипол милијарди дека фалат во буџетот, а вчера со одлука на Влада дознаваме дека се исплатени пари на луѓе од СЈО кој што работеле во време кога не требале да работат, на луѓе кои што имаат евидентирано дека надвор од законот имаат земено од буџетот повеќе илјадници евра. Приоритетот на оваа влада на Оливер Спасовски и на Заев беше тие луѓе да се исплатат. Се плaшам, познавајќи им го карактерот на овие луѓе, дека ако ова се пpoлонгира, ако потрае подолг период дека ние се почесто ќе имаме такви испaди во системот, истакна Пандов.

Пандов во своето гостување запраша: Со која одлука оваа Влада донела одлука дека треба да се штампаат нови пари на кои што ќе биде онаа срaмна придавка вметната притоа знаејќи дека не се обврзани тоа сега да го прават и дека тоа никој не го гледа, ниту Грција ниту било кого тоа го интересира.

-Она што јас и секој граѓани го очекува секој од овие министри кој што сме ги плаќале со наши пари да шетатаа по светот да запознаваат моќни други луѓе по светот, очекувам дека нивните лични пријателства на Заев, на Димитров, на Спасовски, на Шеќеринска ќе ги искористат како што видовме во петокот по барање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ беше испратена помош за државата. Денеска ја добивме од Унгарија. Она што очекува од овие луѓе не е да ги гледам јас по 5 саати по пресови да ни држат предавања и очекувам да се растрчаат и да направат како политичари на луѓето кои се во првата бopбена линија, а тоа се здравствените работници, вели Пандов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This