Макpон пред пopaз: Се поголеми шанса Ле Пен да е новиот претседател на Фpaнција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Француската десничарска лидерка Марин Ле Пен ги зголеми своите шанси за победа во првиот круг на претседателските избори закажани за 2022 година, покажуваат најновите анкети.

Како што објави весникот „Журнал де Диманш“, Ле Пен би имала големи шанси да победи во првиот круг од изборите доколку се одржеа денес.

Лидерката на Националниот фронт, според истражувањето спроведено од компанијата Ифоп-Фидусијал, би загубила во вториот круг од Емануел Макрон, кој би освоил 54 проценти од гласовите, додека таа би добила 46 проценти.

Заменик генералниот директор на Ифоп, Фредрик Даби, рече дека ваквите резултати ја одразуваат силната динамика на Ле Пен, како и тешкотиите што ги има претседателот Макрон во здравствената криза предизвикана од пандемијата.

Во моментов, бројот на смртни случаи предизвикани од корона во Франција достигна скоро 100.000.

Даби додаде дека Ле Пен никогаш порано немала толку добри резултати, особено ако се земе во предвид дека останува само една година до изборите.

Од друга страна, поддршката за Макрон падна на 33 проценти претходно овој месец, според истражувањето објавено од компанијата Елаб.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This