,,МАЛО СУТРА”, ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ: Заев доби ладен туш во Берлин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По три часа разговори зад затвоpeни врати со лидерите на земјите од Западен Балкан, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон не најдоа решение ситуацијата во регионот, пред сѐ, за односите меѓу Србија и Косово. Сепак, и Меркел пред вчерашниот состанок во Берлин кажа дека повеќе се работи за неформална средба и не се очекуваат веднаш резултати.

Српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот им се заблагодари на Меркел и Макрон, за кои рече дека се однесувале рационално и се обидувале да најдат решение за ситуацијата во Западен Балкан.

На состанокот во Берлин присуствуваа македонскиот премиер Зоран Заев, Александар Вучиќ од Србија, Еди Рама од Албанија, Хашим Тачи од Косово, Мило Ѓукановиќ од Црна Гора и Денис Звиздиќ од БиХ, а како гости беа поканети и премиерите на Словенија и Хрватска, Марјан Шарец и Андреј Пленковиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This