МАЛЧЕСКИ: Со уставните измени се брише терминот Македонија, пратениците од опозицијата беа уценети за да гласаат за промена на Уставот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Самоил Малчески вечерва во своето гостување во Само Вистина на Канал 5 истакна дека како човек кој се борел за право и правдина никога не може да прифати Договор кој е спротивен на Уставот на Репбулика Македонија. Денот на референдумот и бојкотот на македонскиот народ посочи дека е одговор на на политките на Заев. Тој во повеќе наврати напомена дека пратениците на опозицијата кои гласаа за уставните измени биле мета на притисоци и уцени од страна на власта, а како пример го спомена случајот со Крсто Мукоски кои беше пуштен од притвор токму на денот на гласањето на уставните измени.

„Како ќе ја пеете химната, денес над Северна Македонија се раѓа? И ќе добиете дипломатска нота дека ширите иредентизам“, вели Малчески.Смета дека терминот „Македонија“, нема да смее да се употребува никаде.

„Моите дедовци се Илинденци и секогаш ќе се борам да бидам Македонец“, рече тој. Вели дека по дифолт ќе бидеме Северномакедонци, а АСНОМ се сквернави. Малчески рече дека Македонија има многу обврски, а Грците имаат само една која не се знае дали ќе ја исполнат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This