Мал трик кој мора да го знаете: Рецепт за грав од кој нема да имате бoлkи и гacови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите сакаме вкусно гравче, а има еден мал детаљ при подготовката за да биде повкусен. Имено, иако е вкусен создава гacови и нaдyеност, но има решение за маката. Нека стои 12 часа во ладно вода за да набабри, а потоа исцедете, измијте го гравот и варете го. Вака ќе се намалат гacовите подоцна.

Во продолжение прочитајте го и рецептот за највкусното пикантно тавче гравче:

Сите знаеме дека има неколку варијанти на тавче гравче, но се однесуваат на додавање на состојки, а начинот на подготовка е речиси ист или сличен. Оваа варијанта е класика. Се чини едноставно, и е, само да се има малку трпение.

За убаво тавче гравче, треба бавно готвење, како за варениот грав, така всушност и за многу наши јадења, сите си го бараат своето време. Е сега сé потешко се има време за готвење, но тоа е тоа, прилагодување и готвење на таквите јадења се прави кога се има повеќе време…

Треба да сме горди на тавче гравчето, толку уникатно е, толку вкусно, а најубавиот дел од приказната е колку странците го сакаат, посебно кога е со лути пиперки.

За да направите тавче гравче, ви треба сварено гравче. Може да го сварите по ваш или по овој рецепт.

Состојки: сварен грав, суви пиперки, 1 главица кромид, 2-3 чешниња лук, зејтин, црвен пипер и буковец.

Постапка: Кога гравот е при крај, ако сакате да правите тавче гравче, треба да одвоите зрна, без водата и да ги ставите во тава или мали тавчиња за печење. Потоа додадете од водениот дел од гравот, полијте ги зрната малку. Испржете кромид и лук и залијте ја тавата со нив. Ставете суви пиперки и притиснете ги во течноста, да не изгopат веднаш.

Во тиганот што пржевте, додадете зејтин, нека се угoри, тргнете го тавчето на страна и додадете црвен пипер и буковец, мешајте да не поцрнат. Прелијте ги врз гравот и ставете ја тавата на печење, прво на 220, потоа на 180 степени. Кога ќе почне да врие густо, готово е. Ќе се направи убава коричка… Не треба да биде исушено, но ни водено, треба да е таман искрчкано.

Ако немате доволно од течноста од варениот грав, помешајте ја со малку вода. Многумина додаваат нане за полесно варење на гравот. Овде запршката со црвен пипер е неопходна, а некои ставаат и брашно, но јас само со црвен пипер и буковец го џшнувам и преубаво е!

Кој си јаде лyто, и пиперките и буковецот треба да се лyтки! Пријатно јадење!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This