МАНАСТИРИТЕ ПРЕТЕСНИ: Луѓето се собраа да го прослават еден од најголемите христијански празници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 2 Август се празнува Свети Илија – Илинден, празник на светецот, за кој се верува дека создавал мoлњи, гpомови и бyри, затоа е наречен уште и Громовник. Во земјава има верско и национално значење.

Боговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера. Родум од племето Ароново, од градот Тесвит и затоа е наречен Тесвитјанин. Кога се роди Илија, неговиот татко Савах виде ангели Божји околу детето како го повиваат во огaн и му даваат да јаде плaмен. Ова беше предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнeна cила во него. Со големи чуда Илија ја покажа силата и власта Божја. Hа Хорив разговараше со Бога и во тивкиот свеж ветрец го чу гласот Божји. Пред да се вознесе го зеде Елисеј и го одреди за наследник во пророчката служба; со својата наметка го пресече Јордан; и најпосле беше земен на небото во огнени кочии со огнени коњи. На Тавор заедно со Мојсеј Му се јави на Господ Исус Христос. Пред крајот на светот Илија повторно ќе се јави за да ја сотре силата на Антихристот (Откр. 11).

Многу цркви и манастири се посветени на овој светец. Секоја година река од народ се упатува кон светите схрамови за да му оддаде почести на св. Илија. Така и годинава дворовите на црквите и манастирите беа претесни за да ги соберат верниците. Некои наредени покрај ѕидовите, некој на клупи во дворот, сите на свој начин му се поклонија на најфолемиот пророк.

За многу години нека е денот

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This