МАНДАТОТ НА БОГОВ ЗАВРШУВА ДЕНЕС: Ќе стане ли Бежоска првата жена гувернер во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес е последниот работен ден на Димитар Богов како гувернер на Народната Банка. Иако седумгодишниот мандат на Богов истекува утре, се уште не се знае, дали новиот предлог на претседателот Ѓорге Иванов за прв човек на централната банка – Анита Ангеловска Бежоска ќе се најде на дневен ред на денешната собраниска седница.


Извори од владејачката СДСМ брифираат дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, има закажано координација со политичките партии. Од ДУИ велат дека  по координацијата ќе го дадат официјалниот став, дали се за или прoтив Ангеловска Бежоска да биде нов гувернер. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот, да не присуствуваат на координациите кои ги води Талат Џафери.

Поранешниот министер за финансии пак, Џевдет Хјредини, вели дека тоа што неофицијално во јавноста беше пуштено името на Фатмир Бесими како можен иден гувернер е валкана игра на премиерот Зоран Заев.

„Кога сме кај гувернерот на банката и избирањето на кандидатката која сигурно ќе се избира, тука беше направена една валкана игра на премиерот Зоран Заев, бидејќи многу рано го злоупотреби името на Фатмир Бесими, дека наводно бил координиран со партијата ДУИ, што излезе дека воопшто не било вистина. Фактот дека пратениците на партијата на Заев во суперлатива зборуваат за кандидатката која ја предложи Ѓорге Иванов, значи дека оваа било игра. Тие веќе знаат дека ДУИ не е фактор кој е потребен и неопходен за Зоран Заев“, вели Хајредини.

Од политичките партии единствено СДСМ излезе со конкретен став дека позитивно гледаат на новиот предлог на Иванов, кој дојде веднаш по откажувањето од трката на актуелниот прв човек на Народната Банка, Димитар Богов.

„Јас воопшто не се сомневам дека генералниот став на нашата пратеничка група во врска со овој предлог ќе остане непроменет – дека ќе биде позитивен и дека само ќе биде потврден на претстојната координативна средба на пратеничката група“, рече Томислав Тунтев -СДСМ.

Ваквата изјава предизвика реакции во јавноста бидејќи парламентарното мнозинство и владината коалиција најавуваа усогласен став по ова прашање. Неофицијално заеднички кандидат им беше Фатмир Бесими, кој во моментот е и советник за економија во владата. Тоа што денес се очекува е спикерот Талат Џафери да го стави на гласање пред пратениците предлогот Бежоска да биде нов гувернер, а за тоа се потребни 61 глас за. Доколку ги добие Бежоска ќе стане првата жена гувернер во земјава.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This