МАНЕ ЈАКОВЛЕСКИ: За жал, како да сме го напуштиле аманетот на Илинденците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ми претставува чест и задоволство, во името на Советот на Научно-културните средби Десет дена Крушевска Република од ова свето место да Ве поздравам.

Пред 114 години, овде, во Крушево, нашите претци ги поставија темелите на Македонската државност и со својата крв го потпишаа аманетот за живот и слобода.

Илинден е најсветлиот симбол на вековниот стремеж на Македонскиот народ за слобода. Факелот на слободата кој го запалија Илинденците и денес ни го осветлува патот кон иднината!

Легендарното Крушево е темелникот на историјата на Македонскиот народ!

Крушево е паметникот на Македонската државност!

Да се биде Македонец, значи да се гордееме со нашето име, јазик, култура и историја, со нашите обичаи и традиции, со нашите корени.

Да се биде Македонец, значи да се негуваат вредностите и традициите на нашите татковци и дедовци, тие да се пренесуваат на наредните генерации.

Тука, во славното Крушево, симболот на македонскиот непокор, на 2-ри август 1903 година, на ден Илинден, како што стои во Крушевскиот Манифест, сите без разлика на вера и нација заедно се кренаа на вооружено востание за ослободување од пет и пол вековното Османлиско ропство.

Македонските востаници на Илинден со својата крв го испишаа својот аманет за слобода на татковината!

Аманетот од нашите претци, не задолжува да ги чуваме името на државата и идентитетот на нацијата, тоа да го негуваме и надградуваме, да им ги пренесеме на нашите потомци.

Света должност на секој од нас е да го негува и никогаш да не го заборава АМАНЕТОТ ОД НАШИТЕ ПРЕДЦИ.

Манифестацијата Десет дена Крушевска Република е време кога оддаваме почит и положуваме цвеќе на гробовите на сите наши знајни и незнајни јунаци и борци, кои ги положија животите за слободна и независна Македонска држава.

Повикот, содржан во Крушевскиот манифест од 1903 година до сите обесправени, независно од вера и нација, да се стават заедно под знамето на востанието, беше далеку пред своето време.

Денес, 114 години од Илинден, соочени сме со главниот предизвик, да ја чуваме и сочуваме Македонија!

За жал, како да сме го напуштиле аманетот на Илинденците од трите Илиндена.

И денес, кога постојат обиди да се оспори, промени или целосно избрише нашето минато, се навраќаме на корените, длабоки илјадници години, се присетуваме на Филип и Александар и древната Македонска држава, се навраќаме на неисцрпната македонска културна ризница низ вековите до Илинден, за денес со гордост, да ги празнуваме трите македонски Илиндена.

Деновиве, во Крушево, како и секоја година, им се поклонуваме на: Гоце, Даме, Карев, Питу, Сандански, Александров, Камхи, гемиџиите, Ченто, Брашнаров, илинденците, асномците и на илјадниците борци на непокорот македонски.

Браќа и сестри, Поуките од историјата укажуваат дека единствено македонските партии заедно од левицата и десницата, можат да ја извлечат земјата од кризата и да се спротивстават на сите активности за разнебитување на земјата.

Де­нес, ко­га има­ме сво­ја ма­ке­дон­ска др­жа­ва, да не ги пра­ви­ме исти­те гре­шки од ми­на­то­то, да не се де­ли­ме, да се бо­ри­ме за единс­тво, да ја про­дол­жи­ме иде­о­ло­ги­ја­та на нашите претци, иде­о­ло­ги­ја­та за ко­ја ил­јад­ни­ци Ма­ке­дон­ци го да­ле сво­јот живот.

Да се ра­бо­ти за Ма­ке­до­ни­ја е од­го­вор­ност, од­го­вор­ност на илјад­ни­ци кои се бо­ре­ле, а го­лем дел го да­ле жи­во­тот, тоа е од­го­вор­ност и кон ид­ни­те на­ши поколени­ја.

Пар­ти­и­те се фор­ми­ра­ат да ра­бо­та­ат во ин­те­рес на народот и за државата. Кој се на­фа­тил да во­ди по­ли­ти­ка, се­ко­гаш тре­ба на пр­во ме­сто да го гле­да ин­те­ре­сот на гра­ѓа­ни­те и на Македонија.

Ма­ке­до­ни­ја да ни би­де поважна од сѐ друго!

Почитувани Крушевчани, погрижете се секогаш портите на Крушево да бидат отворени за сите добронамерници, бидете добри домаќини како и секогаш, пречекајте ги со насмевка гостите кои доаѓаат, покажете им дека во ова славно Крушево не се важни разликите меѓу луѓето, разликите се предност за дружење и хармонија.

Бог да ја благослови Македонија!

Манојил (Мане) Јаковлески,

Крушево, 1 август 2017 година

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This