МАН до СДСМ: Престанете со насилство врз новинари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската Асоцијација на Новинари најстро го осудува денешниот инцидент во штабот на партијата СДСМ во кој беше нападната новинарската екипа на Република.

Неприфатливо е новинари да бидат нападнати за време на легитимна истражувачка работа од страна на лица поврзани со политичка партија.

Сметаме дека случајот е особено тежок доколку се има предвид моменталната институционална позиционираноста на Генералниот Секретар на СДСМ во Министерството за внатрешни работи, кое е надлежно да реагира во вакви случаи на попречување на новинарите во вршењето на нивната работа.

Дополнителна тежина на случајот фрла и тоа што не се работи за прв случај лица поврзани со СДСМ да нападнат новинари, како и изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека дел од медиумите ги смета за свои непријатели.

Бараме од надлежните институции да го истражат инцидентот, а од партијата СДСМ да се извини, да се огради од извршителите и да престане со попречувањето на работата на новинарите.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This