Маричиќ открива дека проблемот со Бугарија може да се реши само со директни преговори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за словенечкиот весник „Дело“ вели дека е важно проширувањето на Европската Унија да се одвива по претходно утврдени принципи, реални заслуги и испорачани резултати, но, ја нагласува и потребата Унијата да даде временска рамка и план за проширувањето на земјите од Западен Балкан.

– Ние навистина направивме сѐ и покажавме искрена желба за решавање на отворените прашања, водејќи се од европските вредности. Затоа верувам дека проблемот со Бугарија може да се реши низ директен дијалог. Но, она што за нас е важно е тој дијалог да се темели на европски вредности и принципи, а не на основа “кој е посилен” или пак кој е член на Унијата, а кој не е – вели Маричиќ.

За него прашањето со Бугарија не е само билатерален спор, туку и ситуација за која во иднина Европската Унија треба да дефинира што може држава членка на Унијата да бара од држава кандидат.

-Ние сме подготвени за дијалог и веќе разговараме за отворените прашања, но, исто така сме подготвени тие отворени прашања да ги третираме и во текот на преговорите со ЕУ. Но, во никој случај не сме спремни да се откажеме од македонскиот јазик и од нашиот идентитет – вели Маричиќ.

Тој додава дека Владата покажала дека е составена од прогресивни сили кои навистина веруваат во политиките на ЕУ и нејзините вредности, кои очекувааат Унијата, нејзините институции и земјите членки да дадат свој придонес и заложба за нашата евроинтеграција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This