Марковски: Bakцинaтa нe e peшeниe зa излeз oд пaндeмиjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инфектологот, професор и доктор Вело Марковски во интервју за „Локално“ вели дека воведување на полициски час поркај тоа што не даваат никаков ефект во справувањето со пандемијата, немаат ни научна поддршка и додава дека вакцината не е решение за излез од пандемијава ни во држави со 30-50% комплетно вакцинирање, а камоли кај нас со неколку илјади дози.

-Не може да се спречи ширење на горно респираторна инфекција со вакви мерки. Од друга страна мерките кои во изминатиов период се спроведуваа најчесто беа под импресија на јавното мислење или со други намери, немаа за цел намалување на бројот на заболени, и со самото тоа не ни постигнаа намалување на бројот на новоинфицирани. Но, постигнаа вероjaтно ефект што некој го очекуваше, а тоа е силен удар врз економијата и силен удар врз човековите права. Во исто време пораз на медицината каков досега не е виден, враќање на научните медицински сознанија за најмалку 100 години, и во лекувањето и во превентивните мерки. Се избриша инфектологијата и епидемиологијата, доктрини прават сите само не тие што се најповикани, а тоа се инфектолозите кои работат со респираторни инфекции, вели професорот за „Локално“.

Тој вели дека Недостасува транспаретност и изнесување на вистински и точни информации за бројот на новозаболени во однос на позитивни на ПЦР тестот, и после година дена инсистирање на правење на серолошки тестови и серолошки скрининзи со кои би била многу појасна епидемиолошката состојба, серопозитивноста во одредени групи и во општата популација.

Вакцината не е решение за излез од пандемијата со Koвид-19

-Карантин, односно карантински мерки се оправдани за спречување на карантински болести. Карантинските болести се пратени со висока смртност, од 30-70%, и тогаш навистина е оправдано да се спроведува се што е на располагање за спречување и намалување на смртноста, и тоа без пардон, со војска полиција, со се. За болест која е со смртност помала од 0,5% се неоправдани, погрешни, смешни сите мерки.Не дај боже да бидеме сведоци на појава на карантинска болест (вариола вера, колера, жолта треска, ебола, марбург и останати хеморагични трески…) Од друга страна вакцината не е решение за излез од пандемијава ни во држави со 30-50% комплетно вакцинирање, а камоли кај нас со неколку илјади дози. Впрочем никој, ни СЗО, ни ЦДЦ ни производителите, никој не кажува дека со вакцината ќе прекине пандемијата. И понатаму ќе продолжат општите превентивни мерки и ќе се чека природно повлекување на САРС Ков-2 вирусот или природен колективен имунитет. Стана практика, за зголемен број на позитивни да се обвинува народот. Уредно вакцинирани со две дози вакцини, не биле дисциплинирани и затоа се разболувале!!! Досега ова не е видено, вакцините штителе во огромен процент над 95 %, а од друга страна немале сериозни несакани дејства. Сега, иако рано е и се уште нема научни трудови, но евидентно е дека има смртност како последица на вакцините, како и на сериозни здравствени проблеми. За вакцината за вариола вера (болеста оди со 70% смртност) е дозволиво еден умрен на милион дози вакцини. Сега и најоптимистичките извештаи укажуваат дека има повеќе умрени од неколку на милион дози вакцини, а се работи за болест која е пратена со ниска смртност, објаснува инфектологот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This