МАРСЕЛО ГО НАПУШТА РЕАЛ МАДРИД ВО ЈАНУАРИ: Бразилецот се поизвесно на излезна врата од Сантијаго Бернабеу

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако за многумина неочекувано, Кристијано Роналдо летово го напушти Реал Мадрид и замина во Јувентус за 110 милиони евра, а периодов се шпекулира дека по неговите стапки би можел да тргне уште еден негов поранешен соиграч.

Играчот на Реал Мадрид, Марсело, наводно го известил раководството на тимот дека во јануари сака да се пресели во Јувентус.

„Тутоспорт“ пишува дека Марсело сакал да го напушти Мадрид уште летоска и да се пресели во Торино, но тогаш трансферот не се реализираше. Сепак, сега ситуацијата е посериозна, а главната личност задолжена да го убеди Бразилецот да се пресели во „Старата дама“ е токму неговиот поранешен соиграч Роналдо.

Според италијанските медиуми, Јуве е подготвен за услугите на Бразилскиот лев бек да плати 50 мил. евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This