Мартин Протуѓер, ловниот трофеј на Зоран Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од десна рака на Срѓан Керим во „МПМ“, преку сива еминенција во ВМРО-ДПМНЕ, до контрактор на Зоран Заев – вака отприлика изгледа кариерната амплитуда на Мартин Протогер, човекот кој важеше за најблизок соработник на Никола Груевски и лик без кој ниту една одлука во претходната влада не можеше да биде донесена.

Гладијаторската битка во македонската политичка арена, се почесто се сведува на интригашење, купи-ден-продај политика и прибирање на конспиративни материјали за политичкиот противник. Како поинаку би се покрило неработењето, владеењето со страв, растечката корупција, невладеење на право, колабирана економија?

Полувоена состојба во Македонија

Политичката битка во Македонија е сведена на “купи ден продај политика”, лаги, неработење и владеење со страв и интриги, на политички прогон кој наликува на гладијаторска пресметка, или на полувоена состојба, на уцени, закани, обиди за правење пучеви во спротивниот табор и обиди со медиумски сплетки/местенки контрола да се убедат граѓаните да гласаат за власта.

Неуспехот да се внесе раздор во ВМРО-ДПМНЕ на вонреден конгрес, го активираше планот Б на Заев кој предвидуваше ставање под концесија на пратениците на опозицијата, и тоа преку директна комуникација со легитимното раководство – очигледно, истото не му оди по план.

Но има и такви кои сами се ставаат на услуга.

Мартин Протогер, „ловниот“ трофеј на Зоран Заев

Стокхолмски синдром претставува необична психолошка состојба во која жртвата од киднапирање, полов напад или пак жртва на насилство, емотивно се зближува и сочувствува со напаѓачот, односно сторителот. Поврзувањето настанува во оној временски период во кој двете страни се заедно. Имено, колку повеќе време поминуваат заедно жртвата и напаѓачот, толку се поголеми шансите за овој синдром.

Ова стручно објаснување на оваа психолошка состојба ми се виде најблиска во објаснувањето на најнеобичното пријателство во државава – она помеѓу Зоран Заев и Мартин Протуѓер, двајца лути противници во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, а сега пријатели кои си разменуваат и семејни фотографии. Барем, така тврдат свиркачите – или, посоодвенто да ги наречам, шепкачите.

Шепкачите на политичкото подземје тврдат дека Протуѓер подолго време се нудел за соработка на Зоран Заев, му испраќал телефонски пораки составени од пофалби за досегашната работа на премиерот, совети за понатамошно работење, прашања и загриженост за здравствената состојба на членови од семејството на премиерот, честитки за празници но и критики и навреди за актуелното и поранешното раководство на партијата. 

Како некој ловечки трофеј, Протуѓер веќе е дел од колекцијата на Зоран Заев. 

Очигледно, се развило едно ново пријателство, под притисокот на политичкиот прогон, на кој различни луѓе различно реагираат – или стручно дефинирано, Стокхолмски синдром.

Протуѓер кој е обвинет во случајот Титаник, како и неколку други негови сопартијци очигледно одбрал начин да се спасува од политичкиот прогон преку соработка со власта, па нашол директен канал на комуникација преку кој почнал директно да комуницира со Заев засилувајќи му ја самодовербата и да му нуди помош како да ги елиминира политичките противници.

Пучистот Мартин

Со ова станува јасно зошто одеднаш некаде на почетокот на годината Мартин Протуѓер се најде на состанок во хотелот Мериот со група од триесетина делегати со намера да ги охрабри да делуваат а овие да помислат како и во минатото дека штом тој е тука, тоа не е случајно. Стана јасно и зошто во еден период тој беше опфатен во кампањата на социјалните мрежи која личеше дека доаѓа од редовите на легитимното раководство на партијата и беше ставен во најтесната група на пучисти против Мицкоски.

Секако, не би било пријателство ако Мартин е единствениот кој го брани неговиот нов другар, а овој само го користи. Така, следејќи ја оваа анти-кампања, често се случувало Заев да го пофали Мартин Протуѓер велејќи дека токму тој со најпогрдни зборови зборувал за актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но и за поранешниот Никола Груевски како и за многу членови на сегашното и поранешното раководство на партијата – барем така тврдат шепкачите на политичкото подземје.

Протуѓер  дури и прифатил да соработува со Обвинителството за „се што треба“, па дури и да сведочи како што ќе му биде кажано, тврдат шепкачите кои нормално сакаат да останат анонимни, а за Преспанскиот договор Протуѓер говорел со најпозитивни коментари.

Кој навистина е Мартин Протуѓер?

Луѓе кои го познаваат Протуѓер велат дека живее прилично повлечен живот со семејството, ретко излегува и дека во ретките комуникации најчесто е полн со политички сплетки и навреди кон луѓето од ВМРО-ДПМНЕ, но во дадени ситуации ако процени дека тоа во моментот е корисно за него, ако составот на луѓето е соодветен, зборува и против СДСМ. Едноставно го карактеризираат како “мајстор за брзи трансформации”. Велат дека зад фасадата на самоуверен човек се крие несигурен и плашлив човек, кој е спремен се да направи и со секого да се здружи за да ги оствари личните цели.

Кариерата ја почнал во МПМ кога како млад брзо му „влегол под кожа“ на Срѓан Керим но откако заминал од таму не заборавил да го навредува и него меѓу своите пријатели. Најголемата политичка моќ ја достигнува со Груевски кому му бил шеф на кабинет и „палел и гасел во партијата”, за денес и за него да говори се најлошо.

Слично како и за Мицкоски неговата претпоследна фигура од која црпел некаква моќ, за да заврши денес како кревач на егото и соработник на Зоран Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во партијата долго се нема појавено. Сепак, нашите соговорници се убедени дека ако „намириса“ можност за победа на партијата, ќе најде начин да се вовлече во првите ешалони на политичката врхушка.
На почетокот на мандатот на Мицковски велат, дека имал одредени комуникации и одредено влијание и кај новото раководство на партијата, но притиснат од прогонот на обвинителството самиот се оддалечил и се понудил за соработка со спротивниот табор.

Ниту прв, ниту последен

Тој не е ни прв, а веројатно ни последен на списокот на соработници со Стокхолмски синдром. Заев политиката ја претвори во “борба за живот или смрт”, а методите кои ги користи се својствени за држави кои се во полувоена состојба.

Во ситуација кога има контрола на инспекциите, регулаторните тела, обвинителството и судот веројатно се може да направи, но единствено нема сигурна формула како да си обезбеди мир тогаш кога ќе падне од власт и кога новата власт ќе почне да расчистува со криминалот од неговото владеење.

Тоа е неговата ноќна мора, која досега никој не успеал да му ја реши.

A.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This