МАСКИТЕ ПАДНАА: ВМРО-ДПМНЕ не бара амнестија, Заев нуди амнестија и укинување на СЈО само да поминат уставните измени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Маските се паднати, а очајот на Заев е огромен. Имено откако власта веќе подолго време ја обвинуваше опозицијата дека бара амнестија за во замена да гласа во Собранието за уставните измени, сега веќе е јасно дека ова е една огромна лага и манипулација на власта. По денешното излагање на Заев во парламентот јасно е дека впрочем тој ја нуди амнестијата во замена за гласот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во собранието.

-Ајде да си простиме, прв чекор нека биде 27 април. Тогаш, сите бевме можна мета од изманипулирани поединци, па сега е одлична прилика, застанувајќи заедно за иднината на Македонија и нашите деца, да ги простиме и да се помириме. Ајде десната страна во парламентот да и подаде рака на левата страна, ајде колеги од десната страна да подадеме рака на левата страна , изјави Заев од Собраниската говорница во Пленарната сала.

Заев посочи дека и по цена на неговата политичка кариера, тој е спремен да ги амнестира сите обвинети од опозицијата за настаните од 27 април.

-Испраќам порака на помирување и простување за настаните на 27 април, да седнеме и да го направиме тоа. Знам дека тоа има цена и подготвен да ја платам политичката цена. Политичари доаѓаат и заминуваат, народот останува. Нема иднина за нашата земја ако прво овде во парламентот ние не ги простиме, вели тој.

Сега кога маските се паднати, а Заев ја загуби партијата покер иако во неа влезе all in, тој е спремен на се за да го спроведе Договорот од Преспа. Но очигледно е дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќаат овој непристоен предлог и остануваат цврсто на ставот дека нема да ги гласаат срамните уставни измени и по цена на својата слобода.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This