МАСОВНА ПАРТИЗАЦИЈА НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА: Советничкат група во Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и колацијата ја нaпyшти седницата на советот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Опозицијата обвинува, власта продолжува со масовната партизација на државните институции. Токму на оваа тема денеска се разговараше во советот на Град Скопје каде на дневен ред се најдоа новите прелози за членови на надзорни и управни одбори на институциите кои се под надлежност на градоначалникот Петре Шилегов.

Советничката групна на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бурно реагираше на ваквиот предлог поради како што велат обидот за масовна партизација на администрацијата од страна на Петре Шилегов и СДСМ. На советниците освен името на предложениот кандидат не им е приложено никаква биографија или кратко СV. Очигледна беше намерата овие кaдровски решенија да се поминат набрзина и на сила, на што советничката група одлучи дека врз основа на ова е несериозно и недоволно да се донесе било каква одлука.

Според советничкат група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата причината за ваквото нетранспарентно однесување на Петре Шилегов е тоа што на листата на нови членови на надзорни и управни одбори се наоѓа голем број на партиски кадри на СДСМ кои немаат соодветно образование за позициите на кои се поставени.

Поради ваквото однесување на власта советниците од опозицијата се решија да ја напуштат седницата на која што ќе се гласаат новите членови на надзорни и управни одбори.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This