МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО МАЈ: Мицкоски најави масовни протести во мај, предвремени избори и одговорност за законот за јазици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предвремени избори, протести во мај, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи капитулација во спорот за името, сите што го спремаа сценариото за носење на законот за јазиците ќе одговараат

Експлозивно интервју на Алфа на лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Мицкоски цврсто одговори на критичарите кои сакаат да му нанесат штета на личниот углед, но и на угледот на партијата. Тој жестоко ги критикуваше постапките на владата на СДСМ и најави конкретни чекори кои тој и партијата ќе ги превземе во наредниот периот. А според неговите зборови, владата на СДСМ ја очекува жешко лето.

Мицкоски истакна дека дека на Заев не може да му се верува, тој мора да биде разобличен и единствено решение за спас на државата е ова зло да си замине по предвремените парламентарни избори на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Мицкоски не спомена точен датум кога евентуално опозицијата ќе побара предвремени избори, но очигледно дека според акумулираното незадоволство во јавноста нема се чека долго.

Тој додаде дека лесно се војува со туѓи синови, но ВМРО нема да влегува во изгубени битки наметнати од СДСМ и најави масовни протести во Мај. ВМРО-ДПМНЕ ќе го поведе народот во поход против оваа ненародна власт вели тој.

Во однос на преговорите за името тој коментираше ,, Она што е значајно е фактот што доколку утре имаме испорачано решение нека не се чуди никој доколку ВМРО-ДПМНЕ го прогласи за капитулација. ВМРО-ДПМНЕ не може да биде изговор за туѓиот неуспех, ниту беспрекорен апологет на некое решение кое што ќе биде спротивно на националните интереси на Република Македонија’’. Опозициската партија повеќе пати го потврди цврстиот став дека нема да прифати промена на уставот со цел промена уставното име, а Мицкоски ја спушти летвата уште едно ниво подоле за прифатливо решение во вечерашното интервју.

Тој најави и кривични пријави за сите соучесници во насилното носење на против уставниот закон за двојазичност кој беше донесен спротивно на Деловникот, Уставот и Законите, а првиот чекор ќе биде интерепелација за Талат Џафери.

26 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This