МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО ТИРАНА: Студентите протестираа против зголемувањето на тарифите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Студентите од државните универзитети во Тирана денес протестираа против тарифите за повторување на испитите, со барање за намалување на тарифите за студирање.

Протестот беше инициран од страна на студентите од Факултетот за архитектура и урбанистика и од Факултетот за инженерство и градежништво при Политехничкиот универзитет во Тирана, кои потоа беа придружени од студентите од другите факултети од државните универзитети.

Стотици студенти протестираа пред седиштето на Министерството за образование, спорт и млади на Албанија, блокирајќи некои улици во Тирана, и фрлаа јајца и други предмети кон дворот на ова министерство.

Студентите бараат намалување на тарифите за студирање, и се против тарифите за повторени испити, кои се менуваат според факултетите.

– Реакција на албанската министерка за образование

Министерката за образование, спорт и млади на Албанија, Линдита Никола, реагираше околу протестот на студентите. Таа за време на една средба со ректорите и деканите на јавните универзитети истакна дека нивното внимание е само кај загриженоста на студентите.

„Побарав од студентите да комуницирам со нив за да ги споделат загриженостите што ги имаат, и да им ги дадеме сите одговори што ги заслужуваат студентите. Тие не прифатија ние да се движиме на овој пат, туку сакаа една поразлична неформална комуникација. Тие заслужуваат да им одговориме и во канцеларијата на министерката, на универзитет, и во секоја друга сала каде што комуникацијата е етичка и се слушаат страните“, рече Никола.

Инаку, и во текот на ноември во Тирана беа организирани протести за намалување на тарифите за студирање од страна на студентите од јавните универзитети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This