Масовни пpoтести во Либан, paнети неколку лица во cyдиpи со вojckaта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Речиси 20 лица се повредени за време на протестите во текот на измината ноќ. Десетици демонстранти излегоа на улиците на градот по уште една девалвација на локалната валута на црниот пазар. Некои демонстранти се обидоа да упаднат во јавните згради, вклучително и во зградата на Централната банка, но распоредените војници ги спречија во тоа, по што започнаа судирите. Меѓу ранетите има и демонстранти и војници.

Редот и мирот во градот беше воспоставен дури изутрината.

Курсот на црниот пазар на либанската фунта беше 17.500 фунти за 1 долар. Официјалниот фиксен курс е 1507 фунти за 1 долар и е со таа вредност скоро две децении. Кризата во Либан е придружена и со недостиг на гориво, што доведува до бескрајни редици пред бензинските пумпи веќе две недели.

Во петокот, владата соопшти дека финансирањето на увозот на гориво, кое во голема мерка е субвенционирано, ќе се изврши според средниот курс на либанската фунта од 3900 фунти за 1 долар, што ќе значи повисока цени за крајните корисници .

Во Либан сè уште нема нова влада што ќе ги спроведе потребните важни економски реформи што ги бара меѓународната заедница

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This