МАСОВНО СЕ ПОЛНИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА: „Живот“ само за одбрани и партиски кадри на СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на СДСМ не запира со вдомување на партиски кадри во државните и јавните институции. Речиси и да не постои институција каде не бил распишан оглас за вработување, а изговор за вработувањата е поради привремено зголемен обем на работа во институцијата.

СДСМ додека беа во опозиција скоро и не пропуштаа ден а да не излезат на прес конференции и да не обвинуваат дека има превработеност во државната и јавната администрација, додека сега забрзано распишуваат огласи и масовно вработуваат партиски кадри.

Еден таков пример е новиот оглас на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) каде се бараат 35 нови вработувања поради привремено зголемен обем на работа на Владата на Република Македонија, а лицата кои ќе бидат избрани ќе бидат пријавени на определено време во траење од потребата на институцијата.

Но, дека се работи за партиско вработување, покажува и претходните огласи објавени пред само неколку месеци во истата институција, кога се распиша оглас за вработување на дури 32 лица. Вистинското прашањето е колку со ваквите шеми на вработување  се зголемува и подобрува квалитетот на институцијата и колку партиските кадри на СДСМ се компетенти и можат да одговорат за ефикасно извршување на работните задачи на нивните работни места. 

Според голем број на граѓани, владата наместо да вработува квалитетни кадри, таа ги наградува шарените платени револуционери и луѓе блиски до премиерот Заев.  

Јавноста изминатиот период е сведок дека актуелната власт и премиерот Зоран Заев забрзано ги полнат институциите со партиските кадри, најдобар пример за тоа се и неговите советници кои се вработуваат како од „ракав. Според она што го објавија дел од медиумите советниците на Заев се наградени со енормно високи плати, а мислењето е дека и не се баш компетентни и квалификувани за позициите кои ги добиле.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This