МАШАЛА: Општина Струмица изела и испила над 230.000 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општина Струмица ни докажа дека најслатко се јаде и пие кога плаќаат граѓаните. Според милионите евра потрошени за репрезентации, односно по кафани, ресторани и хотели, општина Струмица е рекордер, а не заостануваат многу ниту Струга, Прилеп, Битола и Ѓорче Петров, објавува Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

Жалната вистина дека додека лицата на власта се развозуваат со скапоцените автомобили – народот оди со искинати чвли, додека тие јадат со златни лажици – народот е со празен стомак, нималку не влијаела на апетитот на општина Струмица, па така таа за три години изела и испила повеќе од 230.000 евра.

2.2 милиони евра е сметката која народот ќе мора да ја плати за гозбите по угостителските објекти и фирми кои ги направиле општините.

Со оглед на тоа пак, дека се наоѓаме во предизборен период, логички е да очекуваме да се интензивираат јавните заложби за домаќинско раководење со општинските буџети.

Со тактиката дај му леб на народот еден месец, па пушти го да гладува до некоја наредна изборна година и некоја нова предизборна кампања, каишите си ги олабавиле за најмалку три копчиња.

Само тие нека ни бидат здрави, сити и весели! Сепак, ја работат најодговорната работа – ни ја кројат судбината…а ние? Ние сме на тригодишна диета до 12ти април.

ОПШТИНА СТРУМИЦА ИЗЕЛА И ИСПИЛА НАД 230.000 ЕВРАОпштина Струмица ни докажа дека најслатко се јаде и пие кога плаќаат…

Posted by Комисија за локална самоуправа on Friday, December 13, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This