МАШИНИ ЗА AПOKAЛИПCA: Руската apмиja во Србија префрли системи за аеросолна дeзинфekциja и дekoнтaминaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На воениот аеродром во Батајница „Полковник – полот Миленко Павловќ“ руски авиони довезоа специјални средства кои обично се употребуваат во услови кога непријателот употребил оружје за масовно уништување (нуклеарно, хемиско или биолошко оружје), и каде конвенционалното вооружување не може многу да помогне

Станува збор за универзално повеќенаменско средство за аеросолна дезинфекција – КДА, кое неутрализира био-патогени во внатрешностите на зградите, болниците или касарните. Служи и за дезинфекција на надворешни средини кога станува зборз а чистење на возила и средства за индивидуална заштите.

„Орлан“ е најсовремена верзија на ова возило. Наменет е за ефикасна дезинфекција на различни типови возила, згради и останати затворени објекти, како и средства за индивидуална заштита. Целиот комплекс се наоѓа на шасија на камионот КамАЗ-53501. Средството во системот на вооружување на руската армија е воведено во 2015. година. Тоа се состои од кран-манипулатори и хидраулична дигалка, се наведува во текстот на „Раша бијонд“.

Неговиот капацитет за дезинфекција изнесува околу 90 квадратни метри простор во минута. Благодарение на својот габарит „Орлан“ без проблем го собира во воено транспортниот авион ИЛ-76.

На КамАЗ-63501, камион кој исто така пристигна на воениот аеродром во Батајница може да се постави и повеќецевен ракетен лансер со калибар од 300мм (модел 9А52-4 „Кама“). Овие возила од 2004.година се произведуваат и се испорачуваат на единиците на руската армија.

Во Србија пристигнаа и повеќенаменските автоцистерни АРС-14КМ. Тие се користат за дезинфекција на надворешните површини (патишта) и за деконтаминација на воена техника, транспортни средства и вооружување, исто така и стварање на нерпозирна димна завеса за заштита на оклопно-механизирани единици на фронтот.

Специјалниот интервентен тим на руското Министерство за одбрана на територија на Србија стигна доста брзо, благодарение на 11 воено-транспорни авиони ИЛ-76МД, за помалку од 24 часа. Нивната помош е најпотребна во епицентрите на епидемијата во Србија – Белград, Чуприја, Ваљево, Нови Сад, Ниш, Крагујевац и Кикинда.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This