Мајката на Мицкоски позитивна на кopoнавирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изјава дадена при посета на Струмица, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потврди дека неговата мајка е заразена со коронавирусот. Тој истакна дека обидувајќи се да ја заштитити немал контакт со својата мајка подолго време.

-Излезе таква информација, да точно е. Мајка ми е позитивна, веќе неколку дена. Ние се немаме видено, направен е тоа епидемиолошко интервју со неа, луѓето кои што биле во нејзина близина се разбира ќе бидат и се веќе во самоизолација. Јас подолг период се немам видено имајќи предвид ризикот на кој што сум изложен бидејќи секојдневно се среќавам со луѓе и разговарам така што да за жал точно е. Веќе неколку дена би рекол 5/6 дена е во домашни услови и посакувам добро здравје, за жал и кај нас во семејството ја почуствувавме директно оваа пандемија и се надевам дека бргу ќе помине. Ние сме тука да и ги олесниме деновите кои што доаѓаат во борбата против овој вирус. Истовремено да им посакам на сите граѓани многу здравје и да се чуваат бидејќи јас за разлика од други определени политичари нема да ја релативизирам таа работа. Многу сериозен е овој вирус и луѓето кој што го преживуваат, сериозно го прежовуваат. Имајќи ја во предвид неспособноста на Владата, имајќи ја во предвид неспособноста на ресорниот министер да се справи со пандемијата таа за жал на дневна основа е се повеќе присутна помеѓу нас. Но тоа е уште еден мотив повеќе за мене за да излезам до 15 јули да разговарам со што е можно повеќе граѓани, да ги убедам да на 15-ти јули ја поразат оваа власт предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This