Мајкрософт тајно отвори центар за развој на чипови во Израел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот технолошки гигант „Мајкрософт“ тајно отвори центар за развој на чипови во својата филијала во Израел.

Новиот центар ги проширува своите активности со регрутирање на нови инженери за чипови. Проектот започна пред околу година и пол, но неговото постоење досега не е објавено, пишува израелски „Харец“.

Чиповите што ќе ги развива „Мајкрософт“ во Израел се наменети за забрзување на мрежите во центрите за податоци, со кои управува облак услугата „Мајкрософт“ „Азур“, според израелскиот весник.

Пред околу година и пол, „Мајкрософт“ отвори нови деловни простории во Хаифа, со цел развој на тие чипови. Новиот оддел вработува инженери за софтвер и хардвер кои претходно работеа во Intel, IBM, Apple и Broadcom. Главниот фокус на новиот оддел е вмрежување и складирање на податоци.

Според Харец, другите високотехнолошки компании ги зголемија инвестициите во производство на чипови во Израел, кој во моментов се смета за главен центар во областа на чиповите воопшто и чиповите наменети за вмрежување.

Во март, Гугл отвори нов центар за развој на чипови во Израел, кој ќе го води Ури Франк, поранешен висок функционер на Интел.

„Мајкрософт“, како и другите технолошки компании како „Епл“, „Гугл“, „Амазон“ и „Фејсбук“, се обидуваат да развијат свои чипови за фармите на сервери и да престанат да ги набавуваат од други компании, како што е „Интел“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This