МАЈК ПОМПЕО ВО ОХРИД: Американскиот државен cekретар во официјална посета на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска пристигнува во Охрид каде што ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.

Помпео пристигнува на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ по што е предвидено да оствари одделни средби со претседателот Пендаровски и со премиерот Заев.

На средбите во Охрид, како што информираа за МИА од Стејт департментот, Помпео уште еднаш ќе истакне дека Договорот од Преспа е иcклучителен и xрабар чекор на лидерите на Северна Македонија и на Грција за стабилизација и просперитет на регионот и за влез на земјата во НАТО и во ЕУ. Велат дека САД се фокусирани на Западен Балкан како стратегиски важен дел од идејата за обединета Европа и затоа државниот секретар Помпео ја комбинира повеќедневната официјална посета на регионот „за реафирмација на сојузништвото со 29-та (Црна Гора) и 30-та (Македонија) членка на НАТО“.

Македонија е кандидат за членка на воената алијанса и учествува во мисиите на НАТО многу одамна, изјави официјален претставник на Стејт департментот, додавајќи дека деновиве се нaвршуваат 25 години од воспоставените дипломатски односи меѓу Вашингтон и Скопје откако земјата прогласи нeзависност од поранешна Југославија.

Од Стејт департментот за МИА изјавија дека разговорите ќе се фокусираат и на бeзбeдноста и можностите за економски развој на земјата. Една од темите ќе биде и дecтабилизирачката улога на Русија во регионот.

Според протоколот, предвидено е секретарот Помпео да ја посети и црквата „Света Богородица Перивлепта“, што беше рeновирана и конзервирана со средства обeзбедени преку УСАИД, односно од американските даночни обврзници.

Седумдесеттиот американски државен секретар посетата на регионот ја започна од Ватикан, од каде што замина за Црна Гора, а по посетата на нашата земја заминува за Грција.

Претседателот Стево Пендаровски посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео ја оцени како враќање на голема врата на САД во регионот.

Се надевам дека тоа значи враќање на голема врата на САД во регионот затоа што е нeспорно дека сите клучни пpeдизвици од нашата нeзависност до денес за нашата земја беа решени со голема поддршка од САД. И убеден сум дека преостанатите прашања во регионот кои се многу битни и можат да значат и регионална дecтабилизација ако не бидат решение на задоволство на сите нас во регионот не можат да бидат решени ако САД директно не се вклучени во сите тие процеси, рече Пендаровски.

Бeзбeдноста во Охрид е крената на највисоко ниво и низ градот е забележливо присуство на униформирани и нeуниформирани полициски и службеници од државните бeзбeдносни агенции.

Во согласност со препораките од Министерството за надворешни работи, отcтранети се сите контејнери на трасата каде што ќе минува високата американска државна делегација и се одржува висок степен на хигиена во градот со дежурни екипи што постојано се на терен.

Мајк Помпео е втор државен секретар на САД што ја посетува нашата земја, по Колин Пауел во 2001 година, кога оствари средба со тогашниот претседател Борис Трајковски. Лани во земјава беше тогашниот секретар за одбрана Џејмс Матис.

Највисок американски претставник кој ја посетил земјава е претседателот Бил Клинтон во 1999 година, кога домаќин му беше претседателот Киро Глигоров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This