МВР ПОДГОТВУВА НОВО СЦЕНАРИО: Убиството на младиот Јанушев да го прикажат како „самоодбрана“, а не како брутална ликвидација!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

МВР подготвува ново сценарио. Убиството на младиот Јанушев да го прикаже како пукање во самоодбрана, а не како брутална ликвидација

Додека јавноста е згрозена од непостапувањето на МВР и тоа што Оливер Спасовски му овозможил на убиецот пет дена за да избега и да се сокрие, партиски кадри во МВР според шпекулации кои кружат во јавноста се обидуваат да направат алиби за убиецот.
Наши извори од МВР велат дека интензивно се работи во насока на убедување на некој да ја преземе одговорноста, а за возврат се нудат алтернативи за намалување на казната, како и парични награди.
Целата оваа операција, според истиот извор е за да се спаси вистинскиот виновник бидејќи убиецот важи за близок до највисоките кругови на власта и веќе испратил порака дека ќе каже се за да криминалите на Заев и неговото семејство.

Ако заглавам јас за убиство ќе заглавите и вие

Ваквата порака од убиецот била испратена од соседната земја каде се крие убиецот, преку посредници од подземјето дирекно поврзани со блиски луѓе на Заев кои имале заеднички бизнис интереси со сторителот. Дека „ѓаволот ја однел шегата“ говори и фактот што деновиве зачестија инцидентите поврзани со агенцијата за обезбедување за која во јавноста се шпекулира дека е сопственост на еден од сторителите.

Меѓу нив е и инцидентот во кој припадник на обезбедувањето на Радмила Шеќеринска во дискотека претепал вработен во агенцијата Омерта, настан кој МВР се обиде да го сокрие.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Изутрината во 02.48 часот во Градската општа болница “Наум Охридски“ донесен бил повреден Е.А.(37) од Скопје кој се здобил со повреди при нарушен јавен ред и мир во угостителски објект лоциран на ул. “Димитрија Чуповски“ во Скопје. Откако му биле извршени лекарски прегледи, Е.А. е префрлен на Одделението за Максиофацијална хирургија при Ургентен Центар каде од страна на доктор му е констатирана тешка телесна повреда – фрактура на вилица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. – стои во полицискиот билтен објавен на 4-ти ноември.

 

[/kopa_block_quote]

По овој инцидент, следеше пукање од возило во движење кон советникот на Зоран Заев, за кој шпекулациите се дека помогнал во бегството на убиецот.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

На 05.11.2017 година во 05,18 часот, Ф.А. пријавил дека на ул.„Антон Попов“, населба Кисела Вода, од страна на непознат/и сторител/и, од возило во движење биле испукани проектили од огнено оружје, по што возилото со голема брзина го напуштило лице местото и се упатило во непознат правец. Од страна на полициски службеници излезено е на лице место, извршен е увид и подигнати се предмети за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.- информираат од МВР.

 

[/kopa_block_quote]

На подрачјето на Кисела Вода сеуште трае вонреднaта состојба. Полицијата има засилени патроли, а МВР не може да открие кој пукал во советникот на Заев.

Поради „мир во куќа“ потпретседателот на СДС одлучи да ја жртвува кариерата и да работи на сценариото со кое ќе се обиде да го покрие безбедносниот хаос и да изнајде виновник без притоа да се отвори прашањето за заедничките криминални зделки на власта со убиецот.

СЦЕНАРИО: Не ликвидација туку самоодбрана

Првата алтернатива која е смислена е лицето кое би го признало убиството, освен финансиски надомест да добие и некаква гаранција дека ќе излезе од затвор благодарение на лажирано психијатриско вештачење.
Втората алтернатива, според нашите соговорници е да се понуди гаранција дека не било брутално убиство, туку самоодбрана што би влијаело на значително помала казна. Поради тоа се чека момент да се смират страстите и јавноста и семејството на убиениот да почнат да ги убедуваат дека тој извадил пиштол, сакал прв да пука па убиецот немал избор освен да се брани. Проблем во ова сценарио е тоа што убиениот млад фудбалер Јанушев потекнува од полициско семејство и тие добро знаат кој е убиецот и какви се сценарија се подготвуваат. По неизлегувањето на МВР со никаква информација јасно им е на чија страна е Оливер Спасовски и МВР.

 

Утехите кои ги добивале дека по завршување на погребот се ќе биде решено сега се минато. Прашањето кое целата јавност си го поставува е што може да очекува обичен човек, доколку полициско семејство изгубило син и брат, а целата полиција им го врти грбот.

Дека сценарио во кое пиштолот ќе биде препишан на име на жртвата е веќе спремно и само се чека ден кога тоа ќе се објави, зборува и објавата на чичкото на еден од осомничените според МВР кој пред неколку дена на социјалните мрежи објави статус повикувајќи го неговиот внук самиот да се предаде во полицијата.

Оваа објава на големо беше употребувана од провладините медиуми со цел подготвување на теренот за соопштување на сценариото за наводната „самоодбрана“, спакувана како вистина и обландирана во „полициска ефикасност“.

Вистината меѓутоа е дека, убиецот и нарачателот ќе бидат на слобода.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This