МВР СО НАЈМАЛА ОТЧЕТНОСТ ЗА ПОТРОШЕНИТЕ ПАРИ: МВР на дното на владините институции по транспарентност на јавните набавки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколкугодишните истражувања спроведени од граѓанските организации во Македонија покажуваат дека МВР како институција предводена од Оливер Спасовски има најлоши оценки за начинот на спроведувањето на јавните набавки. Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажува дека, во низа параметри, ова Министерство, најлошо, најнетранспарентно и најнеефикасно ги троши јавните пари на граѓаните.

Од вкупно рангирани 21 министерства и Владата, Министерството за внатрешни работи се наоѓа убедливо на последно место со исполнетост на само 34% од минималните критериуми за ефикасност, конкуренција и транспарентност во јавните набавки. Во делот на ефикасноста МВР се наоѓа на 11 место со 61% успешна реализација на јавните набавки. Со просечни 2.4 понудувачи по јавна набавка МВР се наоѓа на 18 место по овозможување на конкуренција во јавните набавки со речиси 40% од набавките склучени само со достава на една понуда. Во делот на транспарентност се наоѓа на 10 место бидејќи МВР постапило само дури по доставена жалба за достава на документи согласно законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Ниеден од договорите за јавни набавки склучен преку ЕСЈН не е јавно објавен на веб страната на МВР.

Како позначајни други индикатори од анализата на ова министерство нотирано е дека престанало да ги објавува годишните планови за јавни набавки на својата веб страна, воопшто не ги објавува на својата веб страна огласите за јавни набавки, нема утврдена методологија по која се пресметува проценетата вредност на набавките, не постои систем за следење на реализација на планот за јавни набавки и во тендерските документации постои дискриминаторски елементи кои ја ограничуваат конкуренцијата.

Од ноември 2015 до денес Оливер Спасовски со мали прекини го води Министерството за внатрешни работи. Овие катастрофални индикатори се поклопуваат токму со неговото превземање на МВР. Склучените тендери за набавка на возила од партиски донатор, наложувањето да се набават чизми со драстична разлика во квалитет од бараниот, поништувањето на огласи за набавки со цел инженеринг и влијание врз целиот процес преку неговите советници се само дел од причините поради кои ова министерство е заковано на дното од сите министерства по управувањето со јавните набавки. Како и за најголем дел од останатите забелешки така и за оваа, најголема одговорност има министерот кој го уредува, пропишува и одговара за трошењето на јавните пари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This