МВР ЌЕ ГО PACЧИСТИ СЛУЧАЈОТ ВО СИНГЕЛИЌ: Идентификувани повеќе лица, caнкции за сите пpeкршители на законот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи активно работи на целосно расчистување на случајот во Синѓелиќ и идентификација на сите учесници, вели министерот Наќе Чулев.

Според Чулев неселективното пристапување е клучно за соодветно спроведување на законот од страна на полициските службеници.

-Имено, до овој момент од страна на СВР Скопје беа поднесени кривични пријави за три лица за што веќе ја информиравме јавноста, а дополнително од нивна страна беше извршено идентификување и беа повикани на разговор 21 лице кое учествувало во настанот и не ја почитувале мерката за забрана на движењето со што сториле кривично дело, напиша министерот на Фејсбук.

Во следниот период, а во насока на целосно расчистување на настанот Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со обезбедување на доказен материјал за останатите лица и по завршување на постапката за сите лица кои постапиле во спротивност со законот ќе бидат поднесени кривични пријави до Основното јавно обвинителство.

Министерот потенцира дека граѓаните треба да бидат уверени дека секој кој што постапува во спротивно со законот ќе биде соодветно санкциониран.

 

https://www.facebook.com/NakjeChulev/posts/150063589853777

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This