МЕДИУМИТЕ ВО РЕГИОНОТ ЗА „РЕКЕТОТ“: Скандал кој може да го урне судството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Случајот Рекет веќе два дена е тема број еден во медиумите кај нас, но за оваа тема се зборува и во соседството, еве дел од насловите на медиумите во Србија:

Српскиот медиуми RTS, пишува дека: Скопје, скандал кој се заканува со уривање на судството

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара од шефицата на специјалното обвинителство, Катица Јанева, да биде притворена откако полицијата го зема нејзиниот мобилен телефон како дел од истрагата за изнудувањето пари, во кое се приведени две лица, вклучувајќи го и Бојан Јовановски, познат по прекарот „ Боки 13“.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, рече дека апсењето на две лица за наводна изнуда е „театар“ со кој се заштитуваат вистинските криминалци, односно Катица Јанева, пишува RTS.

Друг медиум пак пишува дека: Аферата„Рекет“ ја тресе Северна Македонија: „Падна“ Боки 13, а под истрага е и еден јавен обвинител.

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, изјави дека отворањето на истрагата во случајот на „Рекет”, во која беше уапсен Бојан Јовановски, познат како шоумен „Боки 13″, покажува јасна и недвосмислена борба против криминалот и корупцијата во земјата.

Во интервју за агенцијата МИА, Заев побара од обвинителството во Скопје да ја открие вмешаноста на специјалната обвинителка Катица Јанева, која одеднаш се повлече од функцијата Шеф на СЈО.

Македонскиот премиер смета дека овој случај нема да влијае на кредибилитетот на Специјалното обвинителство бидејќи, како што вели, таа институција има капацитет и човечки ресурси за добро да ги извршува своите задачи, пишува Информер.рс.

Скоро цел Балкан пишува за случајот Рекет за двајцата приведени но и за тоа дека оваа „афера “ би значело уривање на судството во земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This