МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА: МВР потпиша меморандум за соработка со Комората за приватно обезбедување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

“Фактот што денес го потпишуваме Меморандумот за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Комората за приватно обезбедување е логичен чекор во насока на продлабочување и конкретизирање на нашата заедничка соработка“, истакна меѓу другото, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешното потпишување на Меморандумот за соработка меѓу МВР и Комората на РМ за приватно обезбедување во Домот на АРМ во Скопје.

Спасовски нагласи дека сосема е оправдано, да се размислува за сите можности или евентуални перспективи што ги споделуваат домените на приватната и јавната безбедност.

“Следствено на тоа, дефинирањето на една нормативна рамка, како што е денешниов Меморандум за соработка, го гледам како нужност од која што ќе имаме корист – Министерството за внатрешни работи како регулатор во дејноста и Комората како асоцијација на субјектите – директни носители на дејноста. Рамка, која што истовремено нуди еден широк простор за кооперативност и унапредување на соработката и активностите, на министерството и Kомората, во разните сегменти од дејноста приватно обезбедување. Крајниот бенефит од сево ова треба да го имаат вашите клиенти и граѓаните на Република Македонија” потенцирање министерот Спасовски.

Во Меморандумот за соработка главен акцент се става на меѓусебната комуникација и размена на информации во насока на унапредување на дејноста приватно обезбедување, но и генерално во интерес на јавниот ред и мир.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This