МЕПСО, ФИРМА ,,БУДУЧНОСТИ”: Директорот си ја вработил идната снаа, бидејќи без две јаки плати не може да се формира фамилија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не стивнуваат скандалите околу непотизмот и партиските вработувања во државните институции. И повторно се работи за МЕПСО, компанија во која претходно објавивме дека е вработена ќерката на Невзат Бејта, поранешниот градоначалник на Гостивар од владеачката партија ДУИ, а денес објавивме дека е вработен и синот на Владо Бучковски, екс премиер од редовите на СДСМ. 

Имено според сопственикот на ,,Буревесник”, Зоран Божиновски, Сашо Василевски директорот на МЕПСО, откако претходно го вработил својот внук во СЈО, сега ја вработил и својата идна снаа во МЕПСО. Тој иронично коментира дека знаеме дека во Македонија не може да се ожениш и формираш фамилија без две јаки плати, па морал ,,чичо” да ја вдоми својата идна снаа во компанијата со која директорува.

-Снаа на чичо! Сашо Васлиевски, генерален директор на МЕПСО во СЈО го вдомил својот внук од брат.  Арно ама внукат има девојка која многу си ја сака, Ангела по име. За да имаат светла перспектива децата и за да се земат, а без две јаки плати тоа не бива, чичо ја вдомил со вработување идната снаа Ангела во МЕПСО… Газда е, вели Божиновски.

Да се потсетиме дека претходно Инфомакс објави дека на 100 метри од самата плажа, на елитна локација, на државно земјиште актуелниот директор на МЕПСО и член на СДСМ, Сашо Василевски гради огромен мотел. Проблемот е во тоа што според информациите кои кружат во јавноста градбата која тој ја гради во туристичката населба Претор е дивоградба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This