МЕРЕЊЕ РЕЈТИНГ ИЛИ ШИРЕЊЕ ЛAЖНИ ВЕСТ?: Спасов со неговата „Рејтинг“ е човекот кој утнaл досега најголем број на анкети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сопственикот на агенцијата „Рејтинг“ Ѓорѓи Спасов денеска излезе со ново истражување во кое наведува дека според поголемиот број од граѓаните лидерот на СДСМ Зоран Заев би бил подобар иден премиер од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На прашањето кој би бил подобар иден премиер на државата 32 проценти од испитаниците му дале поддршка на Заев, додека за Мицкоски се изјасниле 27 отсто од анкетираните граѓани. Според истражувањето, 20 проценти сметаат дека ниту еден од нив не треба да биде иден премиер, додека 17 отсто одговориле дека не можат да оценат.

Преку сет прашања „Рејтинг“ ја мерела и перцепцијата на граѓаните за тоа дали влада предводена од Зоран Заев или влада предводена од Христијан Мицкоски подобро би се справила со одредени прашања и предизвици со кои се соочуваме како држава.

Повисок процент, односно 42 проценти сметаат дека влада предводена од Заев побрзо може да обезбеди членство на државата во ЕУ и НАТО, додека 22 проценти сметаат дека тоа би било влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

За четири проценти повеќе граѓани сметаат дека СДСМ може да обезбеди подобар економски стандард од ВМРО-ДПМНЕ, и исто толкав процент повеќе сметаат дека СДСМ може да обезбеди поголема независност на судството.

Доколку се земе праксата од минатото ќе се сфати дека Спасов е човекот кој утнал досега најголем број на анкети.

Доказ за тоа е и oбвинyвањето од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека тој изработува лaжни анкети во корист на СДСМ, а партијата со тоа покажува ништо друго освен очaј.

„Се додека СДСМ веруваат на анкетите на Ѓорѓи Спасов и неговиот син Никола Спасов од агенцијата Рејтинг, нема да постигнат никакви резултати. Овие анкети служат за мотивирање на членовите на СДСМ, а за нив Спасов зема дебели пари, вака во минатото реагираа од ВМРО-ДПМНЕ по објавувањето на резултатите од анкетата на јавното мислење на агенцијата Рејтинг.

Спасов е познат и дека редовно добива илјадници пари за да го мери задоволството на граѓаните од политиките кои ги водат политичарите, т.е власта и политичката партија СДСМ.

Инаку анкетата е спроведена на примерок 1.080 испитаници, во период од 18 до 29 јануари, преку методот интервју лице в лице.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This